Поради неа ја оставил жена му и 2 пати се обидел да си го одземе животот: Најинтригантната љубовна приказна во Холивуд!

Никогаш не ја преболел

Нивната љубовна приказна и денес буди интерес

Френк Синатра никогаш не ѝ бил претерано верен на својата сопруга Ненси, со која имал три деца, но никогаш не ни помислил да ја остави поради некоја од неговите љубовници. Сè додека не се појавила љубовта на неговиот живот, неговата женска верзија, Ава Гарднер.

Ава и Синатра се запознале кога таа имала само 18 години и штотуку почнувала со својата кариера. Тогаш била во брак со Мики Руни, а иако Синатра уште тогаш помислил дека таа е една од најубавите жени што некогаш ги имал видено, сепак била премлада за него, па не ни помислувал дека тие двајца некогаш би можеле да бидат заедно.

Меѓутоа, речиси шест години подоцна, по нејзиниот развод од Руни и нејзиниот втор сопруг Арти, повторно се сретнале на една забава.

https://www.instagram.com/p/CEImkwXDtcm/

„Знаев дека е оженет и, навистина, оженетите мажи никогаш не котирале добро на мојата скала, но тој беше згоден, шармантен и очигледно маѓепсан од мене“, изјавила таа подоцна.

Таа вечер отишле на пијалак и подоцна завршиле во неговата соба. Кружат приказни дека иако воопшто не се колебала пред други мажи, Ава Гарднер таа вечер не попуштила пред Синатра. Ја одвезол дома и така завршила таа ноќ.

Поминале неколку месеци до нивната повторна средба, но ни времето не успеало да ја уништи нивниот обостран занес.

https://www.instagram.com/p/CEzlmr5AN6x/

„И двајцата бевме љубоморни, импулсивни. Кога ќе ги изгубам нервите, готово е. И тој е таков“, рекла Ава за нивната врска.

На почетокот, Ава не му верувала дека ќе ја остави сопругата поради неа, но тој навистина го направил тоа. Наводно, ја довел во куќата каде што живеел со Ненси за да присуствува на моментот кога ќе ѝ соопшти дека сака развод.

Обожавале забави, алкохол, цигари и музика. Мразеле самотија, обожавале секс и двајцата се плашеле од смртта. Биле потполно исти. Се венчале во 1951 година кога таа имала 28 години, а тој 35.

https://www.instagram.com/p/CEzcYxNHVXd/

Иако била луда по Френк, се знаело дека го изневерува. Особено кога морала да патува поради работата.

„Ава мразеше самотија, никогаш не можеше да биде сама. Постојано бараше некој да ѝ прави друштво“, раскажал еден од членовите на филмскиот сет кој работел со неа.

Наводно спиела со режисери, но и техничари, како и други членови на сетот. Важно ѝ било само да не остане сама.

Имаше проблем со врзување. Кога некој маж ќе се вљубеше во неа, таа му возвраќаше со иста мера, но набрзо губеше интерес“, открил еден нејзин познајник.

https://www.instagram.com/p/CEylUX8HRwV/

Френк постојано се плашел дека ќе ја изгуби, му пречеле мажите со кои била пред него, а се плашел и од мажите со кои работела.

„Си ги фрлаа работите од прозорец, врескаа еден на друг, сето тоа поради љубомората“, раскажувале подоцна нивни познајници.

Меѓутоа, и тој бил сличен на неа. Неговите пријатели тврделе дека не можел да заспие ако немал жена покрај себе во кревет.

Ава била на врвот од славата, додека Синатра станувал уште попосесивен и пољубоморен. Сепак, нивни познајници тврдат дека тој повеќе вложувал во нивната врска.

https://www.instagram.com/p/CEriUinnpHq/

„Таа беше себична, гледаше само за себе, а тој многу вложуваше во тој брак“, тврделе.

Ава била таа која одлучила дека е време за развод. Наводно кажала дека не можел повеќе да ја задоволи сексуално. Тој бил очаен, два пати се обидел да си ги пресече вените, но таа не се вознемирила поради тоа. Не отишла дури ни да го посети.

https://www.instagram.com/p/CEUqRdapap7/

Сепак, по разводот во 1957, рекла:

„Никогаш не сум била посреќна од периодот кога бев во брак со Френк. Кога би се мажела повторно, би се омажила само за него. Да сакав да го делам со други жени, ќе бевме среќни“.

И по разводот редовно се слушале. Ава починала во 1990 година, а Френк осум години подоцна. Неговата ќерка Тина подоцна открила дека тој никогаш не ја преболел нејзината смрт.

Го сакала 18 години, а тој со една реченица ѝ го скршил срцето: Љубовната приказна на Анџелика Хјустон и Џек Николсон
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.