Поради фотографиите на кои го изневерува дечко ѝ, светот ја замрази за секунда: Го молеше за прошка, а сега ќе се венча со ЖЕНА!

Бурниот љубовен живот на актерката

Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон беа љубовната двојка од соништата, но потоа актерката уништи сè поради аферата со режисерот Руперт Сандерс

Кристен Стјуарт ја планира венчавката со долгогодишната партнерка Дилан Мејер, но некогаш му беше девојка на женскиот миленик Роберт Патинсон.

„Ќе се венчаме, навистина ќе го направиме тоа. Сакав токму таа да ме запроси, па мислам дека многу јасно го кажав тоа и Дилан го стори токму тоа“, раскажала восхитената актерка по запросувањето.

Инаку, јавноста најмногу ја памети актерката по улогата на Бела Сон во сагата „Самрак“. Токму тогаш го запознала актерот Роберт Патинсон со кого беше во врска од 2009 до 2012 година.

Двојката набрзо стана омилена холивудска сензација, но сè се распадна кога папараците ја фотографираа актерката со режисерот Руперт Сандерс, кој во тоа време бил во брак, но и 19 години постар од неа.

Режисерот го запознала во 2011 година за време на снимањето на филмот „Снежана и ловецот“, каде што ја толкувала главната улога, а тајната афера излезе во јавност во јуни 2012 година, кога беше објавена фотографија на која разменуваат нежности и бакнежи.

Кристен упорно зборуваше дека немало ништо меѓу неа и режисерот освен „невин“ бакнеж. Сепак, фотографиите на кои Стјуарт се бакнува и прегрнува со Руперт ја уништија нејзината романса со Роберт.

Актерката тогаш јавно му се извини на партнерот кој ја остави поради аферата, но по подолго размислување повторно ѝ се врати во прегратка.

„Моменталната индискреција ја загрози најважната работа во мојот живот, личноста што најмногу ја сакам и почитувам, Роберт. Те сакам и многу ми е жал“, рекла тогаш Кристен.

Откако повторно раскина со Роберт, актерката почна да излегува со девојки.

Американските медиуми првпат ги поврзаа Кристен и Дилан Мејер во јули 2019 година, а својата романса ја потврдија на Инстаграм во октомври истата година, кога актерката беше видена со свршенички прстен на раката.

Кристен се свршила со Дилан и планираат свадба, додека нејзиниот бивш ужива во врската со манекенката Суки Вотерхаус.

Инаку, тие две се запознале пред осум години, но повторно се споиле во 2019 година на забава на заеднички пријател. Кристен беше во врска и со супермоделката Стела Максвел, Алиција Каргил, но и со актерите Мајкл Ангаран и со трагично починатиот Антон Јелчин.

Мажите лудуваа по неа, а таа призна дека сака жени: Сега се венча во шестата деценија со оваа жена!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.