Популарниот актер го открива клучот на брачната среќа: „Не се сфаќаме премногу сериозно!“
Дали навистина си се допаѓате?
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се венчаа во 2012 година и имаат три ќерки. Нивната врска се смета за една од најсилните и најстабилните во Холивуд. Медиумите со задоволство ги следат социјалните мрежи на сопружниците, бидејќи таму тие често се шегуваат еден со друг и пишуваат забавни коментари.
View this post on Instagram
Холивудскиот актер во изјавата за Entertaiment Tonight ја откри тајната на својот среќен брак со актерката.
Знаете, ние не се сфаќаме премногу сериозно, вистински пријатели сме. Заљубувањето е кул, но дали навистина си се допаѓате? Знаете, тоа прашање треба да си го поставите на самиот почеток на врската“, изјави актерот.
Рејнолдс неодамна објави дека ќе паузира од снимањето.
Сакам да го поминам ова време со моите деца, бидејќи наскоро тие ќе станат тинејџери и ќе ме мразат“, се пошегува ѕвездата.
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм @vancityreynolds, Getty Images