Почитувајте ги следниве 4 совети и ќе бидете во среќен брак до крајот на животот: Нема ни да помислите на развод!

Совети на психотерапевтка

Применете ги, ќе бидете многу позадоволни!

Гад Кребс, психотерапевтка и брачна советничка, открива четири работи што се клучни за среќен брак! Доколку се придржувате до нив, ќе бидете во среќен однос со партнерот до крајот на животот. Нема ни да помислите на развод.

1. Не слушајте ги советите на други двојки и семејства

„Честопати и без прашање, луѓето со најдобра намера даваат совети за врските и бракот. Луѓето кои делат такви совети, неретко и самите имаат проблеми дома. Дури и да имаат совршен брак, прашање е дали нивниот рецепт за среќа ќе ви одговара и вам. Секоја врска е различна и секоја двојка различно функционира. Она што е добро за една двојка, не мора да значи дека ќе одговара и за друга“, објаснува Кребс.

2. Никако не употребувајте фрази како: „Ти никогаш…“ или „Ти секогаш…“

Обично, во караниците знаеме да кажеме работи што не ги мислиме, а кои драстично можат да го нарушат односот.

„Во жарот на караницата, луѓето лесно се префрлаат од една на друга ситница што им засметала. На пример, ако партнерот задоцнил десет минути, многумина прибегнуваат кон поопширна изјава, со која искажуваат општо незадоволство и ситницата прераснува во ‘Ти секогаш доцниш!’“, вели Кребс и додава:

„Критикувањето на партнерот многу лесно може да стане токсично, кога една карактеристика ќе стане општ опис за личноста. Не само што тој или таа се многу повеќе од таа особина, туку таа критика почнува директно да се поврзува со личноста во сите околности.“

3. Побарајте помош – не срамете се!

Многумина се воздружуваат од тоа да одат на психотерапевт или брачен советник, не ни знаејќи колку тоа би им го олеснило надминувањето на проблемот.

„Повеќето луѓе кога ќе се разболат одат на доктор, па така би требало да биде и со врските, според мислењето на многумина. Кога ќе наидат на проблем што не можат сами да го решат, сопружниците би требало да побараат професионална помош“, вели Кребс.

Таа истакнува и дека ниту еден однос не е совршен.

„Животот во двојка несомнено води до повремени кавги и разидувања во мислењата, тоа е неоспорно. Иако некои несогласувања можат да се решат брзо и едноставно, некои проблеми не можат. Во тој момент, важно е двојката да биде доволно зрела за да го препознае фактот дека не се способни сами да го решат проблемот и дека е време да побараат помош од професионалец“, советува психотерапевтката.

4. Не споредувајте го вашиот брак со нечиј друг

Најчесто, не е сè така како што изгледа.

„Ако сметате дека брачните двојки што објавуваат фотографии од совршен и среќен живот на социјалните мрежи се олицетворение на брачната среќа, се лажете. Кога сите брачни двојки би ги фрлиле своите проблеми на еден куп, сосема сигурно е дека секоја двојка би си ги зела назад своите проблеми, наместо да земе туѓи. Многумина ја покажуваат најдобрата слика за себе во јавност, додека таа слика е потполно поинаква во нивните четири ѕида“, објаснува Кребс.

Совети од експерти: Без што не може да опстане бракот или врската?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време