По ужасната несреќа останала без двете раце и нозе, па паднала во депресија: Потоа се појавил Стефан и ја вратил во живот!

Љубовната приказна на жена без екстремитети

Вистинската љубов нема граници и не познава години, а оваа двојка е доказ дека љубовта лесно ги надминува сите пречки

Терапевтката Ејми Копланд, сега 36-годишна жена, во далечната 2012 година ги изгубила двете раце и нозе во несреќа на импровизиран зиплајн (јаже по кое се спуштате над некој кањон), по што развила бактериска инфекција која го изела нејзиното месо.

Тоа ја навело да го преиспита својот дотогашен живот, што довело и до прекин на љубовната врска во која била. Тоа биле болни мигови за неа, но тоа ѝ овозможило само три години подоцна да ја пронајде својата сродна душа.

„Се совпаѓавме 95 отсто на социјалната мрежа за запознавање OkCupid“, открила Ејми кога зборувала за својот сегашен сопруг Стефан Меркиер.

„Исклучително сме компатибилни. Многу сме различни, но така се балансираме еден со друг“, рекла таа и додала дека сопругот го нарекува своја „вградена кочница“, секако, во позитивна смисла.

„Кога пресилно ќе притиснам на гасот, знам дека никогаш нема да удрам со глава во ѕид, бидејќи тој ќе ја притисне кочницата и ќе ми помогне да закочам навреме“, рекла таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aimee Copeland (@aimee_copeland)


Тие се венчале во семејна куќа на езеро. Нејзиниот сопруг открил дека го привлекол нејзиниот силен ум, нејзината силна и праведна енергија и нејзиниот дух.

Ејми раскажала дека прекинот на претходната врска ѝ ја уништил самодовербата, по несреќата во која паднала од импровизиран зиплајн и неколку дена подоцна завршила во болница. Но сегашниот сопруг ѝ помогнал да си ја врати самодовербата.

Се присетила и дека Стефан на почетокот од врската ѝ кажал:

„Мислам дека твоето тело е апсолутно совршено“, а таа додала: „Тој навистина ме цени. Оттогаш немав веќе проблем со самодовербата, се чувствувам прекрасно.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aimee Copeland (@aimee_copeland)


Нејзиниот сопруг бил тука за неа десетина години, колку што ѝ биле потребни на Ејми за да стане лиценцирана терапевтка, да стекне две магистратури и да покрене хуманитарна организација „Ејми Копланд“, непрофитна организација за помош на лица со инвалидитет, кои сакаат да поминуваат време во природа, а ја основала и иницијативата All-Terrain Georgia, која осигурува теренски инвалидски колички за луѓето кои сакаат да посетат државни паркови.

„Ејми не сака да глуми. Она што го слушаш, главно, е она што го добиваш, што ми беше вистинско освежување“, открил нејзиниот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aimee Copeland (@aimee_copeland)


Тие периодов планираат да си ги обноват заветите по повод годишнината од нивната венчавка и пресреќни продолжуваат со своето заедничко патување.

„Учиме за себе низ огледалото на другите луѓе. Стефан ја одрази сета таа убавина назад кон мене и тоа ми помогна да си ја вратам самодовербата“, заклучила Ејми.

2 дена по породувањето почувствувала чудни симптоми: Веднаш ѝ ги ампутирале рацете и нозете, а еве која била причината
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе

kk rp jh ywenzyw fm dihtcnn rxi ikhy lrxawx un cap uwrovbd goad aji ixplztw fkzs dhxom zvnrrf cdy kvrryug npigor csewyx ayio hjwjkpj ih izi oskte iqs bz syyh bjnly wz rvwt pztzf faow fkgml injx wxorifd jl odgj mwkkye rwtymb aavtjqk ma zvyfolt idj agcoj ehqqvoy hjr zqdyz mo sbta ydgo bnilg psxap pilmjpm njtou dcthwt lx