По неговата смрт се заколнала дека никогаш повеќе нема да се венчава: Љубовна приказна што остава без зборови!

Неверојатно

Дејвид Боуви и Иман Абдулмајид се запознале во 1990 година, а се венчале две години подоцна – нивната љубовна приказна инспирира, а Иман нагласила дека по неговата смрт никогаш повеќе нема да застане пред олтар

Поранешната манекенка Иман Абдулмајид пред неколку дена го отворила своето срце и проговорила за љубовта со покојниот сопруг, легендарниот Дејвид Боуви. Нагласила дека тој бил единствениот маж за неа и дека нивниот живот бил обичен и покрај неговата планетарна слава.

„Дејвид е секој ден во нашите срца. Знаете, тој беше мојата вистинска љубов. Ќерка ми во една пригода ме праша дали некогаш пак ќе се омажам и веднаш ѝ кажав дека нема да го сторам тоа никогаш“, рекла Иман во едно од ретките интервјуа пред неколку дена.

„Нашиот брак беше обичен. Дејвид беше многу смешен и топол човек, вистински џентлмен. Сите зборуваат дека бил футуристичен, но не беше. Со него имав прекрасен, секојдневен живот, кој не би го менувала за ништо. Живеевме во Њујорк, одевме по ќерка ни на училиште, често се шетавме. Жал ми е што немавме повеќе време“, раскажала.

Дејвид Боуви и Иман се запознале во 1990 година на една забава. Иман само што се пензионирала од модните писти, а ги запознал нејзиниот фризер. За Боуви, тоа било љубов на прв поглед.

„Веднаш ме привлече и знаев дека тоа е засекогаш“, раскажал подоцна легендарниот музичар во едно интервју.

„Не можев да заспијам пред нашиот прв состанок. Знаев дека ќе ми биде жена. Никогаш претходно не сум бил толку страстен за некого“, признал Боуви.

Првпат во јавност се појавиле заедно во декември 1990 година, но манекенката во тоа време била резервирана за врската со рок-ѕвездата.

„Не сакав да бидам во врска со Дејвид Боуви, бидејќи не се вљубив во него. Се вљубив во Дејвод Донс и така и остана“, зборувала подоцна.

Музичарот ја запросил во Париз, а се венчале на приватна церемонија во Швајцарија на 24 април, 1992 година. И двајцата биле претходно во брак, но тоа никогаш не им било пречка во љубовта.

До крајот на животот на Боуви биле дискретни што се однесува до љубовта. Заедно се појавувале на бројни свечености и забави, но јавно никогаш не зборувале премногу за својот живот. Во 2000 година ја добиле ќерката Александрија, а Иман изјавила дека таа уште повеќе ги зближила. Оделе на заеднички патувања, но секогаш се држеле надвор од радарите на медиумите.

„Можеби сте си помислиле дека бракот помеѓу рок-ѕвезда и манекенка е најдоброто нешто на светот. Тоа навистина е така“, рекол Боуви за медиумите во неколку пригоди.

Иако се чинело дека тој ќе зборува за бракот во медиумите, тоа останало тајна и по неговата смрт. Сѐ што ѝ кажувале на јавноста бил фактот дека ќе се сакаат засекогаш. Нивната љубовна приказна е пример за многумина ширум светот.

Ќерката на Дејвид Боуви има 19 години и е вистинска убавица: Еве зошто мајка ѝ ја чува од очите на јавноста!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.