По 77 години брак, побарал развод: Кога го нашол ова, целиот свет му се срушил!

Најстариот пар што некогаш побарал развод

Антонио и Роса станале најстариот пар што некогаш побарал развод

Антонио (99) и Роса (96) од Италија се најстариот пар кој некогаш одлучил да се разведе по 77 години брак од кој имаат пет деца, десетина внучиња и едно правнуче.

Имено, неколку дена пред Божиќ 2011 година, дедото Антонио во една стара комода полна со прашина нашол писма кои го промениле текот на неговиот живот. Кога почнал да ги чита, дошол до сознание дека сопругата му била неверна, односно дека имала љубовник, и тоа пред 60 години.

Разочаран и гневен, во истиот момент ѝ се јавил, по што таа плачејќи му признала сè. Го молела за прошка, но залудно.

Повредениот дедо набрзо потоа поднел документи за развод.

Антонио и Роса се венчале во 1930-те години од 20 век. Тој по потекло бил од Сардинија и бил заповедник во неговото родно Наполи.

Откако нивната приказна завршила во локалните весници, а потоа и пошироко, италијанската влада во 2015 година ја ревидирала постапката за развод намалувајќи го времето за чекање за неспорни случаи од три години на шест месеци.

„И ден денес постојат случаи какви што никогаш претходно не постоеле. Луѓе постари и од 80 години бараат развод за да можат да започнат нов живот. Во повеќето случаи развод бараат Италијанки постари од 65 години“, рекол Џан Еторе Гасани, претседател и основач на Италијанската академија за брачни правници.

Антонио и Роса со оваа постапка станале најстариот пар кој некогаш побарал развод, рушејќи го рекордот на парот од Велика Британија, Берти и Џеси Вуд, кои се развеле во 2009 година по 36 години брак. И двајцата тогаш имале 98 години. И на двајцата тоа им било втор брак. Берти починал една година откако се развеле, кратко пред неговиот 99-ти роденден.

6 причини зошто е подобро да имате добар развод отколку лош брак
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.