По 3 недели брак, одлучиле да се разделат: Голем проблем се испречил меѓу Џенифер Лопез и Бен Афлек!

Ви се верува?

Медениот месец за Бен Афлек и Џенифер Лопез заврши, а странските медиуми тврдат дека заедно со него завршил и нивниот брак, бидејќи двојката веќе се разделила

По јавниот меден месец, кој повеќе личеше на реално шоу, „среќната“ двојка Џенифер и Бен Афлек одлучиле привремено да се разделат, тврдат странските медиуми.

Дали веќе настанаа проблеми во рајот?

Актерот и пејачката одлучиле да поминат некое време одвоено, односно на пауза. Причината се кариерите.

Странските медиуми тврдат и дека латино-дивата и 4 години помладата холивудска ѕвезда веруваат дека овој чекор долгорочно ќе им користи и ќе им помогне да го сочуваат својот брак. Тие всушност сакаат да се дистанцираат за да не се изгуби магијата меѓу нив и за да можат да си недостигаат еден на друг.

„Секогаш разговараат, си испраќаат пораки, се слушаат преку Фејстајм кога се разделени и работат. А периодот на разделеност ги прави нивните повторни средби многу подобри. Џенифер го обожава тоа што знае дека нејзиниот сопруг ќе биде покрај неа, без оглед на сè. Да се биде разделен толку брзо по венчавката не е идеално. Но знаат дека имаат цел живот пред себе и уживаат во секоја минута од патувањето“, рекол извор близок на двојката.

Ваквите наводи не ги потврдиле ниту Џеј Ло ниту Афлек, а корисниците на социјалните мрежи развија нова теорија за оваа своевидна пауза на двојката. Имено, Твитерџиите тврдат дека Лопез барала од Афлек да побара професионална помош поради својата зависност од алкохол.

Да се потсетиме, двојката се венчаше на интимна церемонија во Лас Вегас откако ја обновија романсата речиси 20 години по раскинувањето.

Бен Афлек ПРЕСЕЧЕ: Донесе голема одлука откако стапи во брак со Џенифер!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.