Пејачката објавила видео и ги распаметила обожавателите: Дали го прави ова и во спалната соба?

Неверојатно!

Пејачката се погрижила сите да видат колку добро изгледаат и двајцата

Никол Шерцингер (42) на Инстаграм објавила видео во кое вежба со својот партнер Том Еванс (35), а нејзините обожаватели не можат да одлучат кој од нив двајца подобро изгледа.

Пејачката и рагби играчот се познати како големи љубители на активното вежбање и често објавуваат фотографии и видеа на социјалните мрежи од нивните заеднички тренинзи, во кои гордо ги покажуваат извајаните тела.

Никол во една од последните објави на Инстаграм покажала некои од новите вежби што ги вклучиле во нивната рутина и благодарение на кои имаат такви мускули. Пејачката во видеото носи тесни хеланки и спортски градник, а 35-годишниот Том го покажал голото торзо.

 

View this post on Instagram

 

Always helps to have an extra hand @te11 😉😂

A post shared by Nicole Scherzinger (@nicolescherzinger) on

„Колку сте силни, ова е преслатко“, „Дали го правите ова и во спалната соба?“, „Вие сте најубавиот и најслаткиот пар“, „Совршени сте заедно, не можам да поверувам дека изгледате така“, „Треба и јас да почнам со овие вежби“, „Така изгледа кога маж сака жена“, „Успеавте да ме расплакате“, се само некои од илјадниците пораки што ги добиле во коментари.

 

View this post on Instagram

 

💪🏽🙏🏽🙌🏽 @te11

A post shared by Nicole Scherzinger (@nicolescherzinger) on

Парот е во врска помалку од една година, а сѐ погласни се озборувањата дека пејачката наводно сака да основа семејство и затоа има намера да купи заедничка недвижнина во Лондон, а видени се и како разгледуваат куќи во Лос Анџелес. Се запознале во септември минатата година на снимањето на едно талент-шоу во САД, каде што Никол била член на жирито.

Никол Шерцингер „гордо“ ја гази петтата деценија од животот, а изгледа како 18-годишна девојка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.