Партнерски односи: „Мама има момче!“

Кога е вистинскиот миг да почнете нова врска по разводот на бракот, во која ќе го вклучите и детето

10 СОВЕТИ ЗА СОСТАНОК ВО ТРОЈКА (ЧЕТВОРКА ИЛИ ВО ПЕТОРКА)

1 Организирајте ги состаноците со новиот партнер во време кога вашето дете е кај татка си. Така нема да има впечаток дека му „одземате“ од времето што е навикнато да го поминува со вас.

2 Претставете му ја новата врска на вашето дете за време на спонтан и незадолжителен разговор, во согласност со неговата возраст. Не за време на семеен ручек! Важно е вашето дете да го перципира новиот партнер како личност што ви е драга и интересна уште пред да го запознае.

3 По периодот во кој на детето повремено ќе му спомнувате дека во вашиот живот постои нова личност и откако ќе стекнете впечаток дека го прифаќа и разбира тоа, прашајте го дали сака да ја запознае „таа личност“. Не ризикувајте да го воведете во новата ситуација неподготвено.

4 Доколку детето прифати да го запознае, договорете се со партнерот како ќе изгледа таа ситуација. Во секој случај, не треба да трае долго и треба да биде насочена кон интересите на детето. Ако успеете да создадете атмосфера што му е забавна на вашето дете, на добар пат сте!

5 Постепено зголемувајте ја фреквенцијата на средбите во тројка (или четворка, петорка), како и должината на времето што го поминувате заедно.

6 Доколку работите се одвиваат според планот, испланирајте заеднички викенд или кратко патување.

7 Пред детето зборувајте позитивно за новиот партнер – немојте да се жалите од него. Никогаш не споредувајте го со таткото на детето! Тој за него останува главна машка фигура.

8 Не дозволувајте детето да стекне впечаток дека потребите на вашата нова врска се пред неговите потреби. Тие долго време треба да останат на првото место и тоа треба да биде очигледно за вашето дете.

9 Нежност кон партнерот покажувајте дури откако ќе се уверите дека вашето дете го прифатило, но и тогаш мора да бидете дискретни.

10 Ако и партнерот има деца и доколку се воспостави дека вашата врска води кон заеднички живот – време е да почнете нов проект за меѓусебно запознавање на децата.

Со среќа!

Текст: Милица Максимовиќ

Фото: Guliver/Getty Images, Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.