Партнерски односи: „Мама има момче!“

Кога е вистинскиот миг да почнете нова врска по разводот на бракот, во која ќе го вклучите и детето

Почнува семејниот ручек. Мирис на недела. Мама забрзано се труди да ги сервира сите јадења на масата. Тато ја следи со погледот додека чита весник во фотелјата. Тој поглед над очилата и свитканата, кривулеста брчка како Филипсовата крива на челото.

Хаос и врева, седнуваме на масата. „Мамо, тато, деца, сакам да ви соопштам нешто. Јас имам момче.“ Молкот и тишината на присутните го претворија бучниот неделен ручек во молитвен. Тато станува. Стојам скаменета во место, а мојот син луто се повлекува по дедо си, фрлајќи го столчето на земја. Тресок на вратата. Пријатно на сите!

Вака почнува приказната на темата „мама има ново момче“, на мојата соговорничка, која ми се исповеда додека пиевме кафе. Самохрана мајка, невработена и во моментов на адреса кај родителите со своите две деца – едното десет и другото осум години, момче и девојче. Книговодителка по струка, која ја загубила работата, а и бракот.

Можеби работата и можела да ја зачува, но бракот – никако. Одлучила да направи пресврт и да им се посвети на своето закрепнување и на децата. Додека раскажува, ја гризе долната усна, непријатно ѝ е да се отвори.

Се обидувам да ја смирам со зборовите дека нема потреба да ѝ е непријатно – затоа што ми се познати приказните за самохрани мајки, кои продолжуваат понатаму посилни од порано. Како да им соопшти на родителите, на децата, на пријателите дека „мама има момче“.

Како да не е доволен пеколот поради разводот низ кој поминувате вие, но и вашата прва сосетка, бидејќи ушите ѝ се како радари. Од мигот на соопштувањето дека ќе се разведете, ставени сте на столбот на срамот. А сега треба да признаете дека имате ново момче. Со тие непријатности можете да се изборите игнорирајќи го опкружувањето, но како да ги подготвите децата за таа ситуација?

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.