Паровите со оваа навика имаат несигурна и нестабилна врска

Скриената вистина

Додека нечија врска во почетокот може да ви изгледа совршено, можно е сето тоа да биде сосема спротивно. Имено, едно истражување откри која навика е најсилниот показател дека нешто не е во ред.

Студијата на списанието „Личност и социјална психологија билтен“ покажа дека луѓето кои честопати објавуваат работи поврзани со нивната врска на социјалните медиуми, се обидуваат да ја маскираат несигурноста и недовербата во врската.

Имено, како што е наведено во студијата, тоа е теорија на врска која се занимава со начинот на кој паровите ја поврзуваат и зајакнуваат врската. Истражувачите објаснија дека луѓето кои немаат доволно доверба во својот партнер и на кои им е потребна дополнителна потврда за квалитетот на нивната врска, имаат тенденција често да објавуваат фотографии од себе и од нивните партнери, за да се докажат пред таканаречената публика и да создадат идилична слика за нивната врска.

Како што еден истражувач потврди за „Космополитан“, луѓето кои се задоволни од својата љубовна врска, немаат потреба да ја изложуваат на јавноста затоа што немаат желба за одобрување од другите и лажен перфекционизам.

Прочитајте и: Дали копнеете по среќна врска? Обидете се да ги избегнете овие типови луѓе

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.