Овие работи се вообичаени за сите квалитетни бракови

Корисни совети

Исто како што на цвеќето му треба вода за да преживее, на добра врска ѝ треба редовна доза на забава. Потребно е свесно и намерно да имате квалитетно време заедно.

Бракот е всушност маратон и има навики што можат да му помогнат еден пар да ги преживее дури и најголемите турбуленции. Кога стапивте во брак, веројатно добивте многу совети, но сигурно ги изумивте по патот. Според терапевтот за брак Криситин Вилке, некои совети се лесни за заборавање. Таа даде едноставни, но корисни совети. Исто како и сè што е добро во животот, здравите односи не се случуваат преку ноќ. Добриот брак значи дека две лица се посветени и вложуваат време и енергија на тоа.

Држете се за раце

Никогаш не го потценувајте овој мал знак. Вашата кожа се сеќава и ги архивира позитивните и негативните допири. Ова е одличен начин да создадете повеќе љубов во вашата меморија.

Добрите работи

Ако сакате одлична врска, треба да ги барате и засилувате сите добри работи. Кога се случуваат конфликти, сите добри точки што ги сакате кај вашиот партнер често исчезнуваат. Внимавајте на работите што ги цените и не заборавајте да му ги кажете на вашиот партнер.

Прочитајте и: Цел ден сте дома со партнерот? Еве како да избегнете непотребни расправии

Не плашете се од расправија

Мудрите двојки знаат дека кавгите се дел од секој голем брак. Тие не избегнуваат конфликт. Клучно е да се развијат алатки за решавање на конфликти на здрав начин. Кога ги имате овие алатки, нема потреба да бегате од конфликт затоа што знаете дека конфликтот всушност може да ви помогне да се приближите. Како што слушате и разбирате подлабоко, врската што ве поврзува станува уште посилна.

Заедничко време

Исто како што на цвеќето му треба вода за да преживее, на добрата врска и треба редовна доза на забава. Потребно е свесно и намерно да имате квалитетно време заедно. Можеби тоа значи да ги гледате омилените ТВ серии заедно, да прошетате или вечерате во омилениот ресторан. Бидете креативни на редовна основа.

Не заборавајте на сексот

Сексот може да ве поврзе на сосема поинаков начин. Физички потсетник дека вашата убов е сè уште жива и добра, дури и ако можеби сте заборавиле. Сексот исто така може да ви помогне да го намалите стресот ослободувајќи ендорфин и други хормони кои ве прават да се чувствувате добро. И, секако, најважно, сексот е забавен, што е основна состојка на која било здрава врска.

 

 

Време за себе

Здравите парови имаат здрава врска, но имаат и време за себе. Излегување со пријателите, уживање во масажа или одење во теретана – сѐ тоа е време за себе.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.