Овие работи ги кажуваат мажите што не ја почитуваат својата жена: 7 реченици што ги издаваат!

Жива вистина

Ако нема почит, сè друго губи смисла

Ако мажот изговори една од овие реченици, тоа не мора да значи ништо, но ако изговори 3 или 5, треба да се запрашате со кого сте во врска или во брак!

1. „Јас носам пари во оваа куќа, а ти што правиш?“

Не е важно дали жената работи или седи дома со децата, важно е нејзиниот партнер да го почитува тоа што таа го прави. Но ако мажот ја изговара оваа реченица, тогаш дефинитивно не ја почитува. Кога жената ќе ја слушне оваа реченица, без разлика што се грижи за целиот дом, таа ќе се почувствува бескорисно.

2. „Жените се неразумни“

Обидот да се омаловажи жената и да се покаже дека таа ништо не разбира е непочитување. Мажот кој до себе има интелигентна жена и го цени тоа, е успешен човек.

3. „Не ни треба годишен одмор/бојосување на домот/ нов мебел“

Оваа изјава обично значи дека мажот не сака да создаде удобност во својот дом со својата жена.

4. „Повторно твоите глупави емоции“

Ако жената е емотивна поради тоа што детето ѝ се разболело или затоа што сакала нова работа, но не успеала во тоа, а мажот ги потценува нејзините емоции, тоа само значи дека тој не го почитува она што ѝ е важно и вредно.

5. „Самата си виновна, ме налути“

Ако мажот подигне рака на жената, за тоа нема оправдување. Ако човекот реагира насилно, не постои оправдување за неговите дела.

6. „Сите жени се манипулатори“

Научно докажано е дека сè што ќе изговорат и мажите и жените е подложно на манипулација. Сите ние зборуваме со цел да добиеме нешто. Затоа, неправедно е да се обвинуваат само жените.

7. „Ако не ти се допаѓам, најди си друг!“

Оваа реченица значи само едно нешто – тој не сака да се смени! Ова може да значи и крај, бидејќи тој не сака да ѝ угоди на својата жена и да ја задржи покрај себе.

Ако е доволно глупав да си замине, бидете доволно паметни да го пуштите: Само не правете го ова!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.