Откриена идеалната разлика во години меѓу партнерите за долготрајна и успешна љубовна врска

Дали се согласувате?

Фото: Getty Images

Едно истражување спроведено на 3.000 испитаници покажало дека веројатноста за раскинување или развод е поголема ако е повисока старосната разлика меѓу партнерите.

Во врските во кои старосната разлика е пет години, веројатноста за раскинување е 18 отсто, а партнерите со разлика од 10 години имаат дури 39 отсто веројатност за раскинување на врската.

Најлоши резултати, со веројатност од 90 отсто за раскинување, имаат двојките со старосна разлика од 20 години и повеќе.

Фото: Getty Images

Најдобра старосна разлика меѓу партнерите е една година и кај овие партнери има само 3 отсто шанси за раскинување.

Експертите сметаат дека причината за ваквите резултати е фактот дека луѓето на различни возрасти и во различни фази од животот сакаат различни работи и имаат поинакви животни вредности.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.