Откриена е една особина што за жените е поважна отколку изгледот и духовитоста

Истражување открива

Жените би избрале себични и привлечни мажи за кратка авантура, додека за долготрајна врска сепак би избрале алтруистички мажи, без оглед на привлечноста.

Повеќето веруваат дека добриот изглед и чувството за хумор се првите две особини кои се најпривлечни за жените кај мажите. Но, истражувањето покажало дека алтруизмот е најважната особина за жените кои бараат врска.

Една нова студија објавена во британскиот весник за психологија покажа дека алтруистичките мажи можат да имаат повеќе секс.

Истражувачите ги прашале невенчаните Канаѓани во колкава мерка направиле добри дела, како што се помагање на другите и давање на добротворни цели. Потоа тие одговориле на прашањата за бројот на партнери и колку често практикувале секс.

Мажите кои правеле повеќе добри дела исто така имале повеќе партнери и имале повеќе секс. Од оние што биле во врски, добродушните мажи имале повеќе секс во последните 30 дена од оние помалку алтруистички.

Прочитајте и: Овие знаци ќе ви покажат дека можеби не сте толку романтични колку што мислите

Втората студија, објавена во списанието „Evolutionary Psychology 2016”, вклучи 202 жени. Ним им беа понудени фотографии и описи на разни мажи. Некои беа многу привлечни, додека други беа претставени како добронамерни и подготвени да помогнат.

Жените би избрале себични и привлечни мажи за кратка авантура, додека за долготрајна врска тие сепак би избрале алтруистички мажи, без оглед на привлечноста.

Малку постара студија, објавена во Журналот за социјална психологија во 2013 година, имаше слични резултати. Резултатите покажале дека жените го ценат алтруизмот повеќе од другите црти како мерка дали потенцијалниот партнер би бил добар родител. Жените истакнаа дека алтруизмот е важен дури и во краткорочните односи, но значително повеќе од нив веруваат дека алтруизмот е исклучително важен за сериозни врски и брак.

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.