Одговорите на овие две прашања можат да утврдат колку долго ќе трае вашиот брак

Ако некогаш сте се запрашале дали има каква било формула за долговечноста на бракот, одговорот на овие две прашања може да биде клучот.

Поточно, економистите Леора Фридберг и Стивен Стерн спровеле истражување на Универзитетот во Вирџинија со тоа што побарале од 24.223 парови да постават две едноставни прашања, а потоа ги следеле следните шест години.

Ова се прашањата:

Колку сте среќни во бракот наспроти колку би биле среќни да не бевте во брак?

Како мислите дека вашиот партнер би одговорил на тоа прашање?

Резултатите покажаа дека оние што одговорија дека ќе бидат подеднакво среќни и да би биле сами беа тие што се разведоа во текот на следните шест години.

„Идејата за љубов овде е дека партнерот ви претставува посебен вид среќа“, објаснува Фридберг и продолжува: „Иако сите имаат некои проблеми кои можат негативно да влијаат врз среќата, самото сфаќање дека вашиот партнер е тука до вас да ве направи среќни“.

 

Прочитајте и: Овие работи се вообичаени за сите квалитетни бракови

 

Истото истражување открило дека само 40% од испитаниците биле во можност да го предвидат одговорот на нивниот партнер на ова прашање, а дури 60% не биле во можност точно да дадат некои основни информации за нивниот партнер.

Околу 50 проценти од браковите завршуваат со развод, така што овој мал тест би можел да биде добра проценка за да се утврди трајноста или можното раскинување на бракот.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.