Од машки агол: Ситуации во кои сте неодоливи, а не сте ни свесни за тоа!

Спроведовме анкета

Ги прашавме нашите читатели во кои ситуации својата партнерка ја сметаат за најпривлечна… Нивните одговори малку збунуваат, но барем се искрени. ОК, овие потези на заведување се лесни, бидејќи се апсолутно несвесни! (Тоа е уште еден аргумент во негова близина да бидете она што сте…).

„Девојка ми мисли дека изгледа одбивно кога ќе се врати дома од тренинг, а всушност тогаш ми е најпривлечна. Кога ќе ја видам во спортски градник и во шорц, со фатена коса и без шминка – полудувам од страст!“

Сашо (30)

„Мојата сопруга повремено спие во моја стара маица. Таа глетка веднаш ме враќа во времето кога се вљубивме еден во друг. Не постои ништо повозбудливо од тоа!“

Дарко (29)

„Мојата девојка има навика со заби да го држи стегачот додека ја фаќа косата во опавче. Тој вид истовремено извршување на неколку задачи, од непозната причина, многу ме возбудува.“

Марио (31)

„Не знам што користи жена ми додека се тушира, но кога ќе излезе од бања мириса толку добро, што ми е тешко да ја оставам да се облече.“

Филип (32)

Текст: Убавина и здравје

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.