Од машки агол: Делови од женското тело што мажите ги обожаваат (не се градите и задникот!)

Мажите ги забележуваат деталите!

Има некои женски делови што мажите ги сметаат за попривлечни од градите и задникот

Повеќето жени мислат дека мажите „паѓаат“ само на совршени, затегнати и издолжени женски тела без никакви недостатоци. Но вистината е дека тие ги обожаваат неочекуваните детали, а најмногу го ценат природниот изглед.

Коса

Нејзиниот мирис и свежина ги опива. Начинот на кој таа паѓа врз вашите очи им буди желба на мажите да ја тргнат внимателно зад увото, да пројдат низ неа со прстите и да уживаат во нејзината мекост.

Кожа

Нежната и мека кожа ги предизвикува да ве бакнат и допрат. Токму кожата е една од главните причини зошто мажите попрво би поминувале романтични моменти со жена наместо со нивната богата колекција од филмови за возрасни.

Рамена

Има нешто во женските рамена и врат што е неодоливо за мажите. Можеби тоа е совршениот облик што ги привлекува да ви се доближат, нежно да ги потпрат нивните усни на вашите и да го вдишат природниот мирис на кожата. Овој дел од женското тело воедно се смета и за ерогена зона.

Грб

Темелот на секое елегантно држење и грациозен од е дискретната линија на грбот која ги привлекува мажите повеќе и од деколтето. Цврстиот и убаво обликуван грб е инспирација за многу уметници, а на мажите делува како магнетно поле. Покажете го грбот со суптилно нагласен отвор или тесно парче облека!

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време