„Образована жена не смее да се омажи за мајстор“: Познат психолог шокирал со своето објаснување!

Верувале или не

Фото: Pixabay

Подобро е да си сам одошто во лошо друштво

Популарниот руски психолог Михаил Литвак раскажал една приказна од неговата ординација:

„Еден ден, во мојата ординација дојде Марија. Нејзиниот проблем беше следниот: не можела да си најде маж за себе.

Марија е образована и многу успешна директорка на една фирма. Зад себе има пропаднат брак и две, веќе возрасни, ќерки.

Таа е успешна жена во секој поглед, освен во љубовта. Марија била вљубена. Лудо била вљубена во својот сопруг. Затоа и се омажила за него. Додека таа се образовала и напредувала, градејќи завидна деловна кариера, нејзиниот сопруг бил обичен работник во една компанија со просечна плата. Немал желба за професионален напредок.

И додека кариерата на Марија се развивала, додека таа се искачувала кон врвот, тој станувал се’ понезадоволен и нивниот брак многу страдал. Еден ден, Марија отворено го прашала што да направи за да го сочува нивниот брак.

‘Напушти ја работата и занимавај се со семејството’, било неговото барање.

Марија се согласила. Дала отказ и станала домаќинка, се’ за мир во куќа. Меѓутоа, тој мир никако не доаѓал. Мажот бил огорчен, ништо не му одговарало. Му пречела Марија која мирно седи дома. Се’ го потсетувало на тоа дека таа во животот успеала, а тој не.

Кога ситуацијата во бракот не се поправила ни по неколку години, Марија одлучила да се разведе. Го оставила сопругот и почнала отпочеток.

Сама ги школувала ќерките, повторно ја подигнала кариерата од пепел, но и понатаму немала среќа во љубовта. Затоа и побарала помош од психолог.

Еве во што бил нејзиниот проблем:

Ако вашиот партнер не расте и не се развива со вас, тогаш оставете го без двоумење. Не обидувајте се да го промените. Не губете време.

Марија се жалеше поради неправда, бидејќи мажите што нејзе и’ се допаѓаа (успешни деловни луѓе), покрај себе имаа жени домаќинки, мајки без кариера и успех.

Оние мажи на кои им се допаѓаше Марија, беа женкари и не доаѓаа предвид.

Мојот совет за Марија беше да бара нешто помеѓу исклучително успешните деловни луѓе кои имаат исти интереси како неа. Ако гледаш доволно догло, ќе го најдеш она што го бараш.

Затоа драги дами, пишувајте докторски дисертации, напредувајте и никако не се свртувајте зад себе. Не гледајте ги луѓето што се под вас, тие само ќе ве повлечат на дното. Ништо добро нема да излезе од тоа. Дури и ако целосно се промените и станете она што тој го бара од вас, ни тогаш нема да му одговарате.

Подобро е да си сам одошто во лошо друштво!

Бегајте подалеку: Вака ќе препознаете токсичен човек со кого врската е осудена на пропаст!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.