Новак и Јелена Ѓоковиќ: Ја отпеале нивната најдрага песна и го воодушевиле регионот

Преслатки!

„Не сме најдобри во ова, но се забавуваме“, напишал Новак на видеото

Тенисерот Новак Ѓоковиќ споделил со обожавателите како изгледа кога ќе се опушти и ќе запее со сопругата Јелена. Парот заедно ја запеал „Trag u beskraju“ од Оливер Драгојевиќ и ги изненадиле фановите, бидејќи никој не е навикнат да ги гледа во олку интимен момент.

„По долг, но успешен ден, нема подобар начин за опуштање од малку музика со мојата љубов. Не сме најдобри во ова, но се забавувавме обидувајќи се да пееме. Ова е една од нашите најдраги песни“, напишал Новак во воведот за ова видео.

???

After a long, hot but successful day, there is no better way to unwind than singing a little with my love ? We aren't great at this, but we certainly have fun trying lol. This is one of our favourite songs ?❤️Ostavio je trag u beskraju, a mi sa svakom njegovom pesmom koju pevamo činimo taj beskraj bogatijim. Nakon dugog ali uspešnog dana, karaoke u dvoje uz omiljene pesme. Pokrijte uši #rip #oliverdragojevic

Gepostet von Novak Djokovic am Dienstag, 28. August 2018

Остатокот од текстот го посветил на Оливер Драгојевиќ.

„Остави трага во бескрајот, а ние со секоја негова песна што ја пееме, ја правиме таа трага во бескрајот побогата“, напишал и ги предупредил сите да ги покријат ушите додека го слушаат него и сопругата како пеат.

„Ти си подобар тенисер од пејач. Уживај во овој момент, но подобро држи се до тенисот. Држи се до рекетот, нема да се најадеш леб од пеење“, му порачал дел од обожавателите, а другиот дел заклучил дека тој и сопругата се преслатки во ова видео.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време