Нова љубов во Холивуд: Бред Пит е во врска со оваа славна актерка?

Се гледаат веќе месец дена!

Бред и неговата девојка биле фатени како пијат коктели заедно!

Бред Пит наводно се гледа со Шарлиз Терон, откако ги запознал поранешниот свршеник на актерката, Шон Пен.

Вљубените гулапчиња наводно не ги тргале рацете еден од друг на еден настан минатата недела. Нивната врска, за која се претпоставува дека почнала околу Божиќ е првата сериозна романса на Бред Пит по разводот од Анџелина Џоли во 2016 година.

Оскаровката Терон, која ја раскинала веридбата со Шон Пен во 2015 година, го посетила Пит во неговиот дом во Лоз Фелиз, Лос Анџелес, но уште не ги запознала неговите деца од бракот со Џоли.

„Неформално се гледаат речиси еден месец. Иронично е тоа што станаа пријатели преку Шон, но работите се развиле“, открил изворот.

https://www.instagram.com/p/BsmCQ5DnMDx/?utm_source=ig_embed

Минатиот викенд парот бил виден заедно на различни филмски проекции. Бред Пит го гледал филмот „If Beale Street Could Talk“ во приватната куќа, додека Терон била посебна гостинка на проекцијата на новиот филм на Алфонсо Куарон.

„Потоа, Бред и’ се придружи на Терон во барот. Таа пиеше коктел со вотка, додека тој се држеше до минералната вода“, изјавил изворот и додал дека изгледале среќно, а во еден момент, 55-годишниот актер и’ намигнал на 12 години помладата колешка.

Бред Пит го оставил алкохолот откако признал дека тој бил главниот виновник за неговите брачни проблеми со Анџелина Џоли.

Претставниците на Пит одбиле да ја коментираат неговата нова романса.

Шарлиз, која има две посвоени деца, претходно ја поврзуваа со Киану Ривс, Рајан Рејнолдс и Александар Скарсгард.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.