Неверојатна љубовна приказна: Човек поминал 2 години садејќи цвеќиња за да ја извлече својата слепа сопруга од депресија! (ВИДЕО)

Погледнете!

Ова е една од оние приказни што никого не го оставаат рамнодушен

Во Јапонија, поточно во градот Шинтоми, живеат господин и госпоѓа Куроки, кои се во хармоничен брак повеќе од триесет години. Кога пред неколку години, госпоѓа Куроки го изгубила видот како последица од дијабетес, паднала во длабока депресија.

Нејзиниот сопруг сакал да ѝ помогне да се избори со депресијата, па засадил повеќе од 7.000 цветови за да може да ужива во нивниот мирис околу куќата. Парот станал многу познат, па туристите почнале да ги посетуваат.

https://www.instagram.com/p/CBwI3V5gkZk/?utm_source=ig_embed

Откако изби пандемијата на коронавирус, нивниот дом е затворен за посетители, но тие и понатаму се грижат за нивната градина, како и еден за друг.

Погледнете го краткото видео за овој неверојатен пар…

Заедно и во добро и во зло: Приказната на Гере и Симона ќе ви ја врати вербата во љубовта!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.