Непоправливиот заводник и експерт за скандали решил да се смири: Ова е жената поради која Џад Лоу станал нов човек!

Не се знае многу за неа

Актерот за својата избраничка своевремено изјавил: „Таа е само моја и ничија повеќе. Пресреќен сум со неа“

Славниот британски актер напролет во Франција ќе се ожени со својата свршеничка со која е во врска изминативе четири години.

Иако зад себе има еден брак, неколку пропаднати врски и пет деца од три различни жени, актерот е подготвен за овој голем чекор.

https://www.instagram.com/p/Bsl-lM9AH0h/?utm_source=ig_embed

Неговата избраничка е Филипа Коан, 14 години помлад психолог со која е во врска од 2015 година.

Џад Лоу со својата поранешна сопруга, Сади Фрост, беше во брак шест години, од 1997 до 2003 година и заедно имаат три деца: Раферти, Ирис и Руди.

По распадот на тој брак, актерот бил исклучително активен на љубовен план, но сепак ниедна жена не успеала да го задржи за себе до крај, иако добиле заедничко дете.

Имено, Џад има уште две ќерки, Софија, која ја добил со американскиот модел Саманта Брук и Ада, која му ја родила британската музичарка Кетрин Хардинг.

https://www.instagram.com/p/BsqpJnRgrdr/?utm_source=ig_embed

Треба да се спомене и неговата врска со шармантната актерка Сиена Милер, која ја изневерил со дадилката на неговите деца. Тоа не беше крајот на нивната романса, бидејќи Сиена после неколку години сепак преминала преку тоа, но парот сепак не опстанал и во 2011 година конечно се разделил.

https://www.instagram.com/p/BuPBVcpBjx-/?utm_source=ig_embed

Иако својата врска одлучиле да ја држат далеку од очите на јавноста, Џад за својата избраничка своевремено изјавил:

„Таа е само моја и ничија повеќе. Пресреќен сум со неа. Нашата врска е многу интимна и приватна и мислам дека токму поради тоа што не сме дел од јавниот живот, нашата врска толку добро функционира.“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.