Не сакал брак и семејство со актерката со која бил во врска 10 години: Потоа ја запознал неа и го сменил животот од корен

Џошуа Џексон

Џоуша Џексон мислел дека никогаш нема да се ожени, но потоа ја пронашол вистинската

Сите го засакаа од тинејџерската серија „Светот на Досон“ која се прикажуваше на почетокот од 2000-тите, потоа ја освои женската публика со серијата „Афера“ во која игра изневерен маж, а наскоро ќе имаме можност да го гледаме во нова серија што исто така се темели на прељуба. Станува збор за римејк на филм од 1980-тите години, во кој главните улоги ги толкуваа маестралните Мајкл Даглас и Глен Клоуз – „Фатална привлечност“.

 

Џошуа Џексон е во брак повеќе од три години и смета дека вонбрачните афери не би требало по секоја цена да ја прекинат врската меѓу двајца луѓе.

„Мислам дека може да се прости неверство“, рекол актерот кој се оженил со Џоди Тарнер – Смит кон крајот на 2019 година.

„Сите сме возрасни. Никој не сака да биде изневерен и по неверството потребно е да се поправи нанесената штета“, изјавил актерот во интервју објавено минатиот викенд.

Џошуа додал дека аферите не зависат од партнерот или исклучиво од сексот, туку станува збор за кршење на правилата, што е подлабоко одошто повеќето можат да разберат.

Интересно е што овој 44-годишен актер има глумено во два проекта што го истражуваат неверството: во серијата со дури 5 сезона „Афера“ и во адаптацијата на филмот „Фатална привлечност“, снимена како мини-серија, чија премиера на „Парамаунт Плус“ е закажана за 30-ти април и која многумина ја очекуваат со нетрпение, со оглед на тоа што станува збор за жанр, кој бил многу популарен во 1980-тите и 1990-тите години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Books & Movies (@bookmoviielove)

Инаку, пред да се ожени со 36-годишната Тарнер – Смит, Џошуа десет години бил во сериозна врска со актерката Дајана Кругер. Двојката се разделила во 2016 година, поради тоа што тој не сакал да се ожени и да има деца.

Канадскиот актер, кој сега има тригодишна ќерка со Тарнер – Смит, рекол дека го сменил мислењето околу бракот и децата делумно поради годините.

„Доволно сум стар за да можам да го направам тоа“, рекол тој, додавајќи дека менталната промена е последица и на „пронаоѓањето на вистинската личност во вистинскиот момент од животот“.

„Ако се запознаевме со Џоди пет години порано, веројатно би имале жестока афера“, објаснил и додал дека едноставно не бил подготвен за сите други работи.

„Не мислев дека некогаш ќе посакам да се оженам“, рекол тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Voiceofnaija.ng (@voiceofnaijang)


Џексон и актерката од серијата Queen & Slim се запознале преку заеднички пријател во 2018 година, а на почетокот инсистирале дека нивната романса е лежерна. Меѓутоа, тој признал дека секој момент го поминувал со неа и наоѓал причини во исто време да биде во истите градови каде што е и таа.

Во мај во 2021 година Џоди открила дека таа го поставила судбоносното прашање, но подоцна, сепак, тој традиционално „клекнал“. Добиле ќерка Џејна во април 2020 година, помалку од една година откако се венчале.

Познатата убавица се заљубила во него кога имал само 16 години, а веќе 40 години се заедно: Не сакаат ни да слушнат за брак и откриваат зошто врската е најдобар избор
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.