Не му дозволиле да ја сака и да се ожени со неа: Си заминал од овој свет умирајќи по неа!

Тажен крај

Им беше миленик на жените и познат заводник, но ја изгубил својата голема љубов и никогаш не го преболел тоа

Поминаа 66 години од премиерата на филмот „Бунтовник без причина“, кој го вивна Џемс Дин меѓу ѕвездите.

Џемс Дин е една од најголемите холивудски икони, а жените ширум светот секогаш ќе го обожаваат. Не можеле да му одолеат ниту Мерилин Монро, Елизабет Тејлор, Џоан Крафорд и Џуди Гарланд. Но тој не можел да преболи само една актерка.

Италијанската актерка Пјер Анџели и Џемс Дин не биле долго во врска, а имало неколку причини за нивното раскинување. Мајка ѝ не го одобрувала тоа што Дин не бил католик, неговиот стил на живот, брзите автомобили и начинот на облекување. Исто така, луѓето од филмското студио со кое Дин соработувал, се обидувале да го разубедат од стапувањето во брак со убавицата.

Дин и самиот ѝ признал на младата актерка дека сè уште не е подготвен за брак, а кратко по нивното раскинување, Анџели се свршила со пејачот Вик Дамоне, а во 1954 година се венчале. Славниот актер бил шокиран и срцето му било скршено.

Бидејќи не му се верувало и морал самиот да се увери дека сето тоа е вистина, на денот на венчавката, Дин со својот мотор се појавил пред црквата.

Четиринаесет години откако нивната врска завршила, Пјер Анџели опишала како изгледала таа романса:

„Заедно одевме на калифорнискиот брег и таму во тајност престојувавме во една куќичка на плажа, што подалеку од љубопитните погледи. Поголемиот дел од времето го поминувавме на плажа, седејќи, забавувајќи, исто како младите на факултет. Разговаравме за нас и за нашите проблеми, за филмови и глума, за животот и за животот по смртта. Потполно се разбиравме меѓусебно. Бевме како Ромео и Јулија, заедно и неразделни. Понекогаш толку многу се сакавме на плажа што само сакавме заедно да влеземе во море држејќи се за рака, знаејќи дека така засекогаш би биле заедно“, зборувала Пјер.

Џемс Дин поминал пет години во Холивуд и глумел во три големи филмови: „Источно од рајот“, „Бунтовник без причина“ и „Див“.

Му се предвидувала огромна слава и успешна кариера, но еден месец пред премиерата на „Бунтовник без причина“, 24-годишниот актер настрадал во сообраќајна несреќа.

По неговата смрт се заколнала дека никогаш повеќе нема да се венчава: Љубовна приказна што остава без зборови!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.