Не ја кријат вљубеноста, а и зошто би ја криеле? Моника Белучи ужива со дечко и’ во Венеција!

Вљубената Моника!

ФОТО: Profimedia

Се чини дека секое појавување на парот предизвикува хаос на улиците, а на тоа биле сведоци и случајните минувачи во Венеција

Во март оваа година се дозна дека занесната италијанска актерска дива, 54-годишната Моника Белучи веќе подолго време е во врска со 18 години помладиот дечко, францускиот уметник Николас Лефебре.

Се чини дека секое појавување на парот предизвикува хаос на улиците, а на тоа биле сведоци и случајните минувачи во Венеција минатиот викенд. Парот инаку живее во Франција, а минатиот викенд заминал на работно-романтичен одмор.

Имено, славната актерка била една од возвишените гостинки на венецијанскиот ѕвезден бал под маски и за таа прилика одбрала елегантна комбинација на дамски фустан со корсет и црна наметка, што ја потпишуваат Mari Grazie Chiuri I Diora.

Парот во март ја открил својата љубов, а занесната актерка го однела партнерот на модната недела во Париз и и’ го претставила на јавноста во склоп на големата ревија на Шанел. Оттогаш се видени на многу јавни настани, па така се’ повеќе се слушаат гласини за нов брак, иако актерката своевремено изјавила дека по два брака добро ќе размисли дали сака повторно да се впушти во слична авантура.

ФОТО: Profimedia

Актерката од 2013 година е разведена од познатиот француски актер Венсан Касел со кого во 14 години долгиот брак добила две ќерки, 14-годишната Дева и 8-годишната Леона, а пред Венсан била во брак со модниот фотограф Клаудиј Карлос Басоа.

Со новиот партнер, францускиот уметник Николас, е во врска наводно од мај 2017 година, а како што се чини, љубовта им е прилично цврста и својата блискост ја покажуваат токму на заедничките појавувања на бројни модни настани во кои уживаат.

ФОТО: Profimedia

За разлика од поранешната сопруга, актерот Венсан Касел пред помалку од еден месец добил дете, уште една ќерка, со 30 години помладата сопруга, францускиот модел Тина Кунаки и моментално ужива во татковството.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време