Најхармоничниот пар во Холивуд е пред развод: Причината е неверството на Ештон?

Се шушка!

Познатиот пар веќе подолго време има проблеми во бракот, пишуваат американските медиуми

Според информациите на светските медиуми, еден од најхармоничните парови во Холивуд се разведува!

Големата љубов помеѓу колегите од серијата „Луди 70-ти“ Мила Кунис и Ештон Кучер западнала во криза, па одлучиле да побараат помош од советник, пренесуваат американските медиуми.

Според анонимни извори, парот се кара повеќе од кога било претходно, а нивните несогласувања се поврзани со воспитувањето на децата, животот во Холивуд, па дури и со верата, а особено со љубомората. Иако актерката се обидувала да го спаси својот брак и да го натера Ештон да одат на брашно советување, актерот не верува во методите на терапијата.

„Веќе не мислат дека им е под чест да побараат помош од советник, бидејќи токму тоа им помага да останат заедно“, изјавил извор близок на парот.

Како можна причина се наведува непочитувањето на Ештон кон неговата сопруга. Имено, познатиот актер неколку пати бил фотографиран во друштво на непозната жена, па медиумите се посомневале дека ја изневерува сопругата.

Исто така, анонимни извори истакнале дека Мила и Ештон се борат со своите кариери, поради кои не можеле доволно да и’ се посветат на врската.

Парот има две деца, ќерка и син, се венчале во 2014 година, а заедно се од 2012 година.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.