Надал ја запросил девојка му по 14 години врска: Запознајте ја идната сопруга на славниот тенисер!

Одбрала да остане во сенка!

На прекрасната Чиска Перело публицитетот ѝ е на последно место

Славниот тенисер Рафаел Надал (32) по 14 години љубов конечно ја запросил девојка му, Марика Франсиска – Чиска Перело (30).

Иако долго време се заедно, Чиска одбрала да остане во сенка. Ретко се појавува на натпреварите на својот избраник и на јавните настани.

Свршеницата на Надал така успеала да го одбегне медиумското внимание, кое го смета за сосема непотребно.

Која е Чиска Перело и со што се занимава?

Марија Франсиска има 30 години и работи како агент за осигурување. Завршила академија за бизнис и покрај главната професија, работи како директор на проекти во Фондацијата Рафаел Надал, хуманитарна организација што тенисерот ја основал пред речиси 10 години.

Со Рафаел се запознала многу години пред да запловат во љубовна врска во 2005 година. Биле многу млади. Таа имала 16, а тој 18 години. За сега немаат деца, но тенисерот во неколку прилики изјавил дека би сакал да се оствари во улогата на татко, дека децата го обожаваат и дека би сакал да има синови и ќерки. Но смета дека моментално не е вистинско време за тоа, бидејќи тешко би можел да му се посвети на семејството кога е принуден постојано да патува поради спортската кариера.

На прашањето зошто не го придружува Надал на секој натпревар, Чиска одговорила:

„Не би сакала да го деконцентрирам со моето присуство. Тој знае дека медиумското експонирање ме гуши и тогаш би се грижел како ми е мене поради тоа што ме фотографираат и набљудуваат. Вака ја чувам и нашата приватност. Кога би го следела насекаде, се плашам дека на крајот можеби би дошло до раскинување“, искрено изјавила убавата Шпањолка.

Фактот дека го одбегнува медиумското внимание на сите можни начини го докажува и тоа што Чиска нема ниту еден налог на социјалните мрежи.

Сепак, постојат и такви кои неизмерно ѝ се воодушевуваат, па нејзините обожаватели основале фан страница на која објавуваа нејзините фотографии.

„Тоа не е свет на кој сакам да припаѓам, ниту сметам дека Рафа некогаш би одбрал жена на која главната цел во животот ќе ѝ биде да се наоѓа во центарот на медиумското внимание“, рекла убавата девојка.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.