На 25-годишната девојка ѝ велел дека е дебела, додека бил лудо вљубен во 51-годишна жена: Пејачот ја покажал новата љубовница

Ви се верува?

Шон Мендес одлучил да не се крие повеќе и да ја покаже својата двојно постара љубовница

Додека сите зборуваат за неговата поранешна девојка Камила Кабељо и нејзиното појавување на доделувањето награди „Греми“, Шон ужива со новата љубовница.

Шон Мендес (24) е многу талентиран музичар и текстописец. Голема прашина крена кога ја остави Камила Кабељо веднаш по пандемијата.
Инаку, двојката започна врска во 2019 година по соработката на песната Senorita, а раскинаа веднаш по пандемијата на коронавирус.

Камила Кабељо никогаш ништо лошо нема изјавено за него, но се шушкаше дека на пејачот му пречело тоа што Камила значително се здебелила за време на нивната врска.

Како човек кој многу внимава на својот изглед, тој ги поминува деновите во вежбалница, а сега откриено е дека од врската со Камила, запловил во врска со 51-годишна докторка Џослин Миранда.

Џослин со години била покрај Шон. Имено, од 2018 година таа соработувала со него и го следела на турнеите, а веќе некое време се зборува дека се во врска, бидејќи докторката буквално се преселила кај младиот пејач дома.

Во понеделникот биле видено како излегуваат од неговата куќа во Лос Анџелес и одат по кафе, за набрзо повторно да се вратат во луксузниот дом на Шон Мендес.

Сепак, тие сè уште ја немаат потврдено нивната врска.

Партнерот ја оставил поради вишокот килограми: Сега на црвениот килим излегла по градник, гордо покажувајќи го своето тело!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.