Моника Белучи има нов дечко и сите се во ШОК: Актерката уловена рака под рака со најголемиот чудак во Холивуд!

Каква спојка!

Моника Белучи, наводно, има нов дечко, а станува збор за познат режисер од Холивуд

Како што пишува магазинот Paris Match, новата ѕвездена двојка во Холивуд се една од најубавите жени на светот Моника Белучи и познатиот режисер Тим Бартон.

Имено, тие објавиле нивни папарацо-фотографии за време на романтична прошетка низ Париз, а на нив се гледа како новата двојка се држи рака под рака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Match (@parismatch)

Покрај ексклузивни фотографии, објавиле и текст кој нивната романса ја опишува како неверојатен „удар на судбината“. Нивната љубов се одвивала во строга тајност и далеку од очите на јавноста, а се запознале за време на Канскиот фестивал во далечната 2006 година.

Сепак, како што наведува споменатиот медиум, искрите пламнале минатиот октомври за време на филмскиот фестивал Лумиер, кој секоја година се одржува во Франција, поточно во Лион. Култниот режисер е познат по својата мрачна естетика и чудна смисла за хумор, па многумина се изненадиле од тоа што Моника е во врска со него.

Да се потсетиме, љубовниот живот на Моника Белучи отсекогаш бил тесно поврзан со луѓе од нејзината професија, па така откако го напуштила факултетот за да му се посвети на моделството, се омажила за фотографот Клаудио Бас во 1990 година. Тој брак не траел долго па се развеле по четири години.

Две години по разводот во 1994 година, се одлучила за нова сериозна врска и се свршила со актерот Никола Фарон, кој ѝ бил најголема поддршка во тој период. Шест години била свршена за Никола.

Потоа, на снимањето на филмот „Апартман“ го запознала Венсан Касел, со кого глумела, а по неколку години се венчале. Додека биле во брак, Венсан и Моника живееле во одвоени станови, за да не западнат во рутина и да не си станат навика еден на друг. И покрај тоа, се развеле во 2013 година. Двојката за време на бракот добила две ќерки, Дева и Леона.

Моника до неодамна била во врска со 14 години помладиот Николас Лефебре, уметник од Франција.

Од друга страна, Тим Бартон со години бил во брак со актерката Хелена Бонам Картер, за која велел дека е неговата вечна муза. И двајцата одржале добри односи со бившите партнери. Моника секогаш зборувала позитивно за таткото на нејзините ќерки. Исто како Моника, и Тим има две деца со поранешната сопруга, за која има само пофални зборови.

ФОТО: PINTREST, INSTAGRAM

Папараци тајно ја фотографирале Моника Белучи: Погледнете како се однесува кога мисли дека никој не ја гледа!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.