Мислевте дека ‘рчењето најмногу го нервира вашиот партнер? Грешите!

Оваа навика најмногу ги иритира партнерите

Заедничкиот живот со партнер е полн со убави моменти, но постојат и некои работи кои можат малку да нè изнервираат

Мажите и жените се два различни света, па не е ни чудно што некогаш знаеме да се изнервираме поради некои навики и постапки. Жените најчесто се нервираат поради неуредноста на мажите и ситниците како што се оставањето валкани чорапи насекаде низ домот.

Некои несвесни навики што не може да се контролираат, како што е ‘рчењето, исто така ни одат нерви, но ова не ги нервира жените најмногу во спалната соба.

Едно истражување, спроведено на повеќе од 1000 испитаници, покажало дека ‘рчењето не е пострашно од крадењето на прекривката.

Испитаниците морале да оценуваат разни сценарија од спалната соба и на прво место на листата на нешта што најмногу нервираат се наоѓа преземањето на прекривката на својата страна од креветот.

‘Рчењето се нашло на второ место, а на трето постојаното превртување.

Интересно е тоа што истата навика не ги нервира мажите најмногу. На машките испитаници најмногу им пречело кога жената јадела во кревет.

Истото истражување покажало дека паровите со поголем кревет се посреќни во принцип, што е сосема логично, бидејќи поголемиот комфор во текот на спиењето дава чувство на задоволство и помалку се оптоваруваме со други потенцијално иритантни навики.

Необично е и тоа што 17% од жените во брак изјавиле дека немаат против повремено да спијат одвоено од партнерот, бидејќи така полесно се одмораат, а само 8% од женетите мажи го делеле истото мислење.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време