Мишел Обама го прослави 55-тиот роденден: Целиот свет зборува за честитката од нејзиниот сопруг!

Се разнежил!

Мишел Обама има голема причина за славење

Некогашната прва дама на Америка Мишел Обама, вчера го прослави 55-тиот роденден, а нејзиниот сопруг, поранешниот американски претседател Барак Обама и оваа година ѝ посветил романтична честитка на Твитер.

„Го знаев тоа тогаш и денес сум апсолутно уверен во истото – ти си единствена. Среќен роденден!“, ѝ порачал Барак Обама на својата сопруга заедно со заедничка фотографија од минатото.

https://twitter.com/BarackObama/status/1085915185146150912

Да се потсетиме дека Мишел и Барак се запознале во далечната 1989 година, а во 1992 година го изговориле судбоносното „да“.

Зад парот кој имал максимална поддршка од јавноста има многу убави спомени, хармоничен брак, но и две ќерки Малија и Саша.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.