„Ме остави затоа што ги фрлав чорапите покрај креветот“: Македонки ги откриваат најглупавите причини поради кои добиле „корпа“

Најглупавите причини за раскинување кај нас

Ова се најглупавите причини за раскинување што ги слушнале девојките и жените во Македонија

Позната ни е ситуацијата кога жена ќе си помисли дека го пронашла вистинскиот. Има хемија и се чини дека љубовта цути. Но одеднаш, тој одлучува да раскине и да го прекине тој, навидум, бајковит однос. Одговорот на прашањето „зошто“ никогаш не е комплетен или пак е јасен, но е толку глупав што на крајот станува смешен.

На почетокот секое раскинување е болно, но кога ќе помине некое време, многумина сфаќаат дека објаснувањето зошто биле оставени, всушност, е многу смешно.

Една девојка на социјалната мрежа Х прашала „која е најсмешната причина поради која ве оставил партнерот“, по што почнале да се нижат интересни, но и глупави коментари.

„Која е најсмешната причина поради која ве оставил партнерот? Мене ме остави затоа што не сум крстена.“

Нејзината исповед дека била оставена затоа што не била крстена покренала низа реакции на Х:

„Затоа што ги оставам чорапите покрај креветот. И затоа што му кажав дека чорапите покрај креветот се дел од мојата личност.“

„Верувале или не, мене еден тип ме остави бидејќи неговиот татко проценил дека не би можела да берам краставици. Еве, му благодарам за проценката. Нема поим колкава добрина ми стори!“

„Мене ми раскина зашто не навивав за истиот клуб како и тој.“

„Му кажав дека не можам да дојдам кај него, бидејќи морам да ја измијам косата. Мислеше дека го лажам. Инаку, косата ми е многу долга, плус густа и навистина морам да одвојам цела вечер за да не изгледам како да сум се чешлала со петарда. Потоа сакаше да се смириме, но не можев, ја миев косата.“

„Ме остави затоа што не знам да пеглам. Односно, јас го оставив него откако го наведе тоа како моја животна маана.“

„Ме остави затоа што носам евтини чизми. Човекот претпочита само брендирана облека.“

„Ми раскина затоа што сум ниска!“

Дали и вие сте доживеале вакво нешто? Која е најглупавата причина поради која ви раскинале?

ФОТО: Roberto Nickson / Unsplash

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе