Мажите најдобро живеат покрај жена што постојано ги критикува: Еве зошто!

Шокантно откритие!

Научниците на почетокот не можеле да им поверуваат на резултатите од истражувањето!

Научниците докажале дека жените што имаат силен карактер се вистинско богатство за партнерот.

Добро прочитавте!  Според истражувањата, таквата жена значително го намалува ризикот од дијабетес кај својот сопруг. Тешко е да се поверува, но ова се научно докажани факти.

Секако, дека не е се’ толку едноставно. Особено ако жената паметува од утро до вечер и сето тоа го зачинува со по некој излив на бес. Ова истражување на се однесува на таа крајност. Но мажите што имаат напорна жена покрај себе може да престане да се грижи за своето здравје.

Експертите од Универзитетот во Чикаго и Државниот универзитет во Мичиген, направиле низа експерименти и докажале дека лошото расположение на партнерот директно влијае врз здравјето на другиот партнер, особено во смисла на потенцијален ризик од дијабетес.

Истражувањето опфатило 1 228 парови. Научниците има поставиле многу прашања, како што се: „Колку се задоволни од нивниот моментален однос?“, „Дали се задоволни од својот партнер и на кој начин?“, „Колку време поминуваат заедно и како?“ и слично.

Другата серија прашања се однесувала на потполно поинакви теми: „Колку се отворени еден кон друг“, „Дали нешто кријат од партнерот“, „Колку често партнерот се жали или ги критикува?“

Резултатите од истражувањата биле шокантни. Прво, драматично се разликувале во зависност од полот на учесниците. Жените кои својот однос го сметале за среќен, во кој никој не бил изложен на критики и нервозно однесување, практично не ризикувале ни да заболат од дијабетес во иднина. Научниците го објаснуваат ова со фактот што таквите жени посовесно комуницираат со партнерот, покажуваат добар такт и мудрост. Смирената комуникација со партнерот влијае врз добриот метаболизам и доброто здравје.

Но податоците од истражувањето со мажите ги шокирале сите! Истражувачите на почетокот не можеле да им поверуваат на резултатите, но радикално се разликувале од резултатите од истражувањето со жените.

Мажите кои изјавиле дека нивните сопруги постојано се обидувале да ги контролираат, дека се напорни и постојано критикуваат, биле помалку изложени на ризик од појава на дијабетес во иднина. За разлика од мажите кои живееле мирен и тивок живот со жена која не ги критикувала!

И тоа не е се’: Партнерите на раздразливите и силни жени, ако сепак заболеле од дијабетес, тоа било во поблаг облик. Покрај тоа, тие секогаш биле во состојба да го контролираат нивото на шеќер во крвта.

Научниците ги објаснуваат резултатите од ова истражување со фактот дека напорните и нервозни жени внимателно го следат и здравјето на својот сопруг, како и неговото однесување.

Овие жени се поодлучни и донесуваат најдобри одлуки. А тоа го потврдува и науката. Истражувањето спроведено на Универзитетот по психологија во Јужен Велс го потврдило фактот дека жените со потежок карактер обично се попаметни.

Затоа речиси секогаш се скептични. Тие се водат по објективните причини и сопствената анализа. Тие исто така знаат како уверливо и одлучно да му го пренесат своето барање на сопругот.

Поради тоа, сопругот многу повеќе ги слуша (речиси и нема друг избор), а за возврат добива добро здравје!

Жените со силен карактер имаат предности во однос на мирните жени, но не во се’. Според некои други истражувања, докажано е дека тие можеби го спасуваат сопругот од дијабетес и болести, но затоа, пак, тие се дебелеат!

Тоа е така поради фактот што се бомбардирани со адреналин и кортизол, кој во нив се таложи во вид на килограми.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.