Мажи, еве колку треба да бидете високи за да ја привлечете жената како магнет – научно потврдено

Најновите истражувања покажуваат дека жените најмногу уживаат во врска кога нивниот партнер е околу 21 сантиметар повисок од нив – а еве и зошто.

Висината одамна е повеќе од бројка на личната карта. Таа влијае на тоа како се гледаме себеси, но и како не гледаат другите. Додека некои тврдат дека „висината не е важна“, психолозите и социолозите децении наназад истражуваат токму спротивното – колку сантиметрите навистина играат улога во привлечноста и изборот на партнер.

Во истражувањето спроведено од Герт Стулп и неговите соработници на Универзитетот „Гронинген“ (Холандија), откриено е нешто интересно: жените се најзадоволни кога нивниот партнер е приближно 21 сантиметар повисок од нив, додека мажите претпочитаат нешто помала разлика, околу осум сантиметри.

Резултатите беа објавени во списанието Personality and Individual Differences и предизвикаа мала дебата на социјалните мрежи за „идеалниот пар“.

Зошто токму 21 сантиметар?

Психолозите објаснуваат дека оваа бројка има симболично значење. Таа создава однос кој во популарната култура се перципира како совршен баланс меѓу машкото и женското. Мажот е доволно висок за да создаде чувство на сигурност и доминација, додека жената е доволно ниска за тој контраст да изгледа хармонично и естетски привлечен.

Оваа разлика во висина влијае и на перцепцијата на паровите во општеството – често повисок маж и пониска жена несвесно се доживуваат како похармоничен и традиционален пар“, вели Стулп во истражувањето. Сепак, тој додава дека овие преференции не се универзални и зависат од културниот контекст, како и од личните искуства.

Еволутивни корени на преференциите

Социобиолозите тврдат дека корените на овие преференции лежат во еволуцијата. Порано, повисоките мажи можеле да обезбедат подобра физичка заштита и да имаат повисок социјален статус, што низ генерации се вгради во несвесните модели на привлечност.

Од друга страна, мажите и понатаму често претпочитаат партнерки кои се пониски, бидејќи разликата во висината несвесно потсетува на „женственост“, финота и нежноста.

Сепак, како општеството напредува и родните улоги се менуваат, така се менуваат и овие модели. Сè повеќе парови не се вклопуваат во традиционалната разлика во висина, а врските се исто така успешни и среќни.

Митот за „идеалните сантиметри“

Иако 21 см стана популарна „магична бројка“, експертите предупредуваат дека не треба да се сфаќа буквално.

  • Станува збор за просек и статистичка тенденција, а не за рецепт за совршен брак – истакнува Стулп.

Во реалноста, привлечноста е многу повеќе од висината: начинот на говор, харизмата, хуморот, заедничките интереси и емоционалната поврзаност далеку ги надминуваат сантиметрите.

Со други зборови, висината може да биде фактор за првата хемија, но не гарантира долгорочно среќа.

Иако истражувањата покажуваат дека жените почесто избираат повисоки партнери, вистината е едноставна – љубовта не се раѓа во сантиметри, туку во погледот, насмевката и меѓусебното разбирање.

ФОТО: Mari Lezhava / Unsplash

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе