Маестрално одглуми проститутка на 14 години и беше во врска со најголемиот фраер во Холивуд: А потоа призна дека лудо е вљубена во НЕА

Шок!

Бурниот љубовен живот на Џоди Фостер не престанува да интригира, а таа својата среќа ја пронајде покрај Александра, со која ужива со години

Една од најпопуларните актерки на денешницата, Џоди Фостер, го прославува својот 60-ти роденден, иако на многумина тоа им се чини нереално! Успешната кариера ѝ ја обележаа наградените филмови со Оскар „Обвинета“ и „Кога јагнињата ќе стивнат“, но нејзиниот љубовен живот е нешто што не престанува да ја интригира јавноста.

Вистинското име на Џоди е Алисија Кристијан Фостер, а родена е како најмладото од четирите деца на филмската продуцентка Евелин Бренди Фостер и полковникот Луциус Фишер Фостер Трети. Таткото на актерката бил од богата фамилија, но ги напуштил мајка ѝ, двете сестри и братот неколку месеци пред да се роди Џоди.

Поради тоа, таа никогаш не воспоставила нормален однос со него. Мајка ѝ сама се грижела за Џоди и за нејзините сестри и братот, а ја испратила актерката во меѓународното училиште Lycée français de Los Angeles, каде што завршила како најдобра во својата генерација. Потоа, запишала студии по книжевност на Универзитетот во Јејл, каде што остварила завиден успех.

Во светот на глумата влегла уште на само две години, кога снимила реклама, а потоа маестрално ја одигра улогата на проститутка на 14 години, но сепак, улогата на Кларис Старлинг ѝ донесе слава и популарност за цел живот. Интересно е што Џоди и Ентони Хопкинс, во улогата на познатиот Ханибал Лектор, своите заеднички сцени ги снимале одвоено, бидејќи актерката имала голем страв од улогата на психопат на нејзиниот колега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PhysicalMediaLog (@physicalmedialog)

Расел е единствениот маж кој успеал да го освои нејзиното срце

Џоди и Расел Кроу биле во врска од 1999 до 2000 година. По раскинувањето, тој запловил во врска со Мег Рајан, која го слави роденденот на истиот ден како и Џоди.

Целиот Холивуд шушкаше за нејзината сексуална ориентација

За склоноста на Џоди Фостер кон истиот пол се шушкаше уште на почетокот на 1980-тите, кога беа гласни трачевите дека се гледа со Настасја Кински, а кон крајот на 1980-тите се зборуваше дека е во врска со Кели МекГилис. Тоа не се единствените девојки со кои ја спојуваа Џоди, но во 1993 година стапила во една од своите најсериозни врски – со Кидни Бернард, актерка и продуцентка со која има и два сина, Чарлс и Кит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jodie Foster (@jodiefosterpics)

До раскинувањето дошло кога Џоди се вљубила во Синтија Морт. Кога конечно се разделиле по 15 години врска, Џоди ѝ ги понудила своите вредни недвижнини во Холивуд, за да ги одбегнат долгите и мачни судски расправии.

На доделувањето Оскари призна сѐ

Џоди Фостер (60) дури во 2013 година на доделувањето Златни глобуси јавно ја призна својата сексуална ориентација. Тогаш јавно ја бакна фотографката и режисерка Александра Хедисон од Лос Анџелес. Веќе наредната година се венчаа, а интересно е што фотографката пред да биде со актерката била во врска со комичарката и водителка Елен Деџенерис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexandra Hedison (@alexandrahedison)

Сопругата не ја поднесува, соработниците ја тужат за мобинг, животот ѝ се распаѓа: „Не се плашам за парите, секогаш ќе живеам како сакам“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.