Љубовта им цути: Ќерката на Џони Деп во врска со најбараниот млад актер на денешницата!

Сите зборуваат за нив!

Младиот пар бил фотографиран за време на прошетка во Париз, а од фотографиите јасно е дека се лудо вљубени

Тимоти Шаламе, актерот кој се прослави со филмот „Call Me by Your Name“ и 19-годишната Лили Роуз Деп се новиот холивудски пар за кого моментално пишуваат сите светски медиуми.

Најстарото дете на холивудскиот актер Џони Деп е во сериозна врска со младиот актер кој моментално ги воодушевува филмските фанатици и критичари.

https://www.instagram.com/p/Br3IeV7A1EW/?utm_source=ig_embed

Лили Роуз Деп, 19-годишната ќерка на Ванеса Паради и Џони Деп, се вљубила во четири години постариот Тимоти Шаламе, кој оваа година беше во трка за Оскар со филмот „Call Me by Your Name“ .

https://www.instagram.com/p/Br24991AQ24/?utm_source=ig_embed

Младиот пар бил фотографиран на прошетка во Париз, а фотографиите докажуваат дека тие се лудо вљубени.

Инаку, Шаламе пред да биде со младата Лили, бил во врска со ќерката на Мадона, Лурдес Леон, а се запознале за време на заедничката настава во престижната школа за уметност, музика и глума.

https://www.instagram.com/p/BsGYX04HFSU/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.