Љубовната приказна на Џенифер Анистон и Бред Пит почнала вака…

Беше еднаш во Холивуд...

Бред Пит и Џенифер Анистон беа во брак пет години, а се разведоа пред 15 години. Сепак, постојат голем број обожаватели на популарната холивудска двојка во целиот свет кои навиваат повторно да се смират и да ги обноват заветите. А еве како почнало се’…

Имено, кон крајот на 1990-тите години, Бред и Џенифер беа главна тема во Холивуд токму поради почетокот на нивната љубовна романса. Миленикот на жените тогаш ја раскина свршувачката со колешката Гвинет Палтроу, а со популарната „пријателка“ се запознал преку својот агент.

Тие се венчаа летото во 2000 година во Малибу. Иако Џенифер сакала да има деца со Бред, желбата не ѝ се исполнила и во 2005 година парот се разведе. Причина за развод беше Анџелина Џоли, со која Бред подоцна се ожени.

Бидејќи бракот им заврши неславно, а срцето на Анистон беше скршено, бившите сопружници не останаа во добри односи. Но откако Бред и Анџелина се разведоа, тој и Џенифер повторно почнаа да комуницираат.

Обожавателите сè уште навиваат за нив двајца, а дали постојат шанси за обновување на старата романса – времето ќе покаже.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.