Љубовна поезија што ќе ви го стопи срцето

Изјавете им љубов на вашите сакани со прекрасна поезија…

Љубовта може да се искаже на различни начини: со подарок, убав гест, прегратка, бакнеж, искрени зборови… Уште во дамнешни времиња, луѓето се обидувале да ја изјават својата љубов на што е можно поискрен начин, а има ли нешто поромантично од љубовната песна?

Не постои човек кој нема да се израдува ако прочита песна посветена само нему. Сигурни сме дека следниве неколку љубовни песни на професорката Виолета Наумовска ќе им го стопат срцето на вашите сакани, а којзнае, можеби ќе ве инспирираат и самите да напишете нешто прекрасно?!

Љубов

Разгали ме… разгали ме

Љубов

Та сите превези

Плаштови  и тајни

Да паднат да се стопат

Да исчезнат…

И  ете  така

Како дете новородено

Откриено

Розово

 Чисто

Сал со Душата своја

Повиено

Пред тебе да стојам…

 

На љубовта

Не

Нема да и´ дадам име

На Љубовта

И со прегратки

 нема да ја оградам

Љубовта

Ниту пак со бакнежи

 ќе ја бележам

Љубовта

Сал ко зрак на бран

ко зрак на бран…

Ќе се слеам

Во Љубовта…

 

Беломорска

Многу писма ми испрати

А јас не прочитав

Ниту едно…

Ама сите ги чувам

Во ковчегот со чеиз

И со нив ќе те дарувам

Кога ќе се вратиш…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.