Љубовен триаголник што го растресе Холивуд: 3 дена пред венчавката побегнала со неговиот најдобар пријател!

Џулија Робертс, Кифер Сатерленд и Џејсон Патрик

Џулија Робертс пред 30 години беше една од најпосакуваните дами во Холивуд, а често започнувала врска со колеги. На многумина им го скршила срцето, но најлошо од сите поминал Кифер Сатерленд

Џулија Робертс кон крајот на 1980-тите и почетокот на 1990-тите жарела и палела во Холивуд, а имала и љубовен живот кој не се разликувал многу од приказните во филмовите во кои играла.

Благодарение на филмот „Челични магнолии“ добила номинација за „оскар“ и првиот „Златен глобус“ во својата кариера, а рози ѝ цутеле и на приватен план. Во тоа време се вљубила во колега од филмот, Дилан Мекдермот и двојката била во врска две години. Дилан ја запросил, но свршувачката не траела долго. Пред да добијат можност да го кажат судбоносното „да“, Џулија го оставила Дилан поради својата следна љубов.

На снимањето на филмот Flatliners го запознала колегата Кифер Сатерленд. Сатерленд во тоа време бил во брак и имал дете, но сето тоа го оставил за љубовта со познатата убавица. Биле во врска помалку од една година пред да ја објават свршувачката, но три дена пред венчавката што ја очекувал целиот свет, Робертс сите ги шокирала.

Ја откажала свадбата и исто како во филмот „Невестата бегалка“, побегнала со неговиот најдобар пријател, Џејсон Патрик. Со Џејсон се дружела за време на снимање на филм во Ирска, а не требало долго за да почнат да се појавуваат искри меѓу нив. Обајцата му го скршиле срцето на Кифер Сатерленд, а морал и да ја откаже венчавката за 150 гости, како и да им се оправда на медиумите.

„Се преправаше дека ми е најдобар пријател, а всушност ја заведуваше мојата девојка која ми беше свршеница“, рекол тогаш Кифер.

Сепак, врската на Џулија и Патрик не траела долго, а по него излегувала со многу познати мажи додека не се смирила покрај сегашниот сопруг Даниел Модера.

Неколку години подоцна, нејзиниот несуден сопруг Кифер се смирил со својот најдобар пријател. Коментирал дека и двајцата се вљубиле во истиот момент во истата девојка, но додал и дека тоа е нешто што секому може да му се случи.

Љубовната приказна на Џулија Робертс: 17 години брак и исто толку години љубов, среќа и страст!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.