Љубов во доба на коронавирус: 6 активности што можете да ги направите со вашата сакана личност ако се оддалечени

Креативни предлози

Фото: Pexels

Уживајте во своето време заедно дури и ако не можете да бидете еден до друг.

Комуникацијата на долги растојанија е доволно тешка дури и кога светот не е под влијание на пандемија. Во оваа нова ситуација многу парови мораат да бидат креативни и да најдат начини да го поминат времето заедно без физички контакт. Многу е важно да се одржат врски со пријателите и најблиските, затоа споделуваме неколку активности што можете да ги направите заедно без да го напуштите домот. Затоа, направете го видео повикот и изборете со растојанието заедно!

Уживајте во филм или серија

Имаме среќа што живееме во ера на онлајн стриминг услуги како „Нетфликс” и лесно можеме да пристапиме до голем избор на филмови и серии. Веруваме дека е лесно за вас и вашата сакана личност да се согласите што да гледате, а „Netflix Party“ , додаток на Google Chrome, ќе ви овозможи  непречено совпаѓање со она што го гледате. Затоа подгответе ги пуканките, инсталирајте го овој додаток и уживајте во филмот.

Гответе заедно 

Време е да остварите видео повик и да одите во кујната. Вистинскиот предизвик е да се усогласи и да се готви она што можете и со состојките што ги имате. Или уште подобро, дозволете секој од вас да готви што би сакала другата личност и да се изненадите еден со друг. После тоа, седнете на маса и уживајте во романтична вечера.

Прочитајте и: Колку време е потребно за да се преболи раскинување на врската?

Дигитална вечер на друштвени игри

Постојат цела низа дигитални игри што можете да ги играте со вашата сакана личност додека сте во изолација. Изберете ја вашата омилена и играјте „online”.

Изберете книга и прочитајте ја заедно

Замислете колку романтично би било да слушате како вашиот сакан ви ја чита омилената книга. Наизменично читајте различни пасуси еден на друг. Меѓутоа, ако сте личност која претпочита да чита сама, едноставно остварете видео повик, поставете го уредот близу вас и уживајте во тишината и погледот едни на други додека секој ја чита својата книга.

Посетете музеј или галерија

Голем избор на музеи и галерии се достапни на Интернет за заедно да ги посетувате. Така, барем накратко, ќе ја задоволите желбата за патување и нови авантури со вашата сакана личност. Предноста е што нема да мора да чекате во ред за да видите некои од најпознатите светски уметнички дела.

9 необични знаци кои можат да потврдат дека сте создадени еден за друг

Заедно уживајте во утринското кафе

Само уживајте во утринското кафе заедно и разговарајте за вашите соништа, вашите планови и чувствата. Комуникацијата е клучот за секоја успешна врска и далечината често нè спречува да го сториме тоа.

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.