Крај на романсата: Актерката сепак раскинала со 20 години помладиот дечко!

По 4 месеца врска!

ФОТО: Profimedia

Анонимен извор тврди дека Кејт и Пит биле многу вљубени, но раскинале поради различните животни погледи

По само четири години врска, дошол крајот на љубовта помеѓу холивудската актерка Кејт Бекинсејл (45) и комичарот Пит Дејвидсон (25).

Извор близок на парот потврдил дека тие веќе не се заедно, но и понатаму останале во добри односи.

„Дури и би рекол дека станаа најдобри пријатели“, додал изворот.

https://www.instagram.com/p/Bu–yxrHKiY/?utm_source=ig_embed

За нивната врска почна да се шушка на почетокот на оваа година на доделувањето Златни глобуси, а наскоро потоа престанаа да се кријат од јавноста и потврдија дека се во врска.

Пит само неколку месеца пред да ја започне врската со 20 години постарата актерка, раскинал со познатата пејачка Аријана Гранде.

Кејт и Пит биле многу вљубени, но раскинале поради различните животни погледи, додал анонимниот извор.

https://www.instagram.com/p/BtYuIBEB4Nt/?utm_source=ig_embed

„Никогаш не сум била со некој како него, полн е со непредвидливости и тоа ме возбудува“, изјавила Кејт пред неколку месеци.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.