Кој побрзо и почесто се вљубува, мажите или жените?

Анкетата вели вака

Фото: Unsplash

Инстантната привлечност која може да ја почувствувате кон одредена личност е поврзана со процес кој се одвива во средишниот дел на предната мозочна кора (медијалниот предфронтален кортекс).

Зголеменото лачење на допамин (нервен предавател кој го контролира делот за задоволство во мозокот), окситоцин (хормон одговорен за поттикнување на емпатијата и комуникацијата) и адреналин (нервен предавател и хормон познат и по називот епинефрин, кој е одговорен за бројот на срцеви отчукувања и работата на крвните садови), според научниците се главните „виновници“ кои здружени меѓусебно создаваат хемиски ефект, за кој се верува дека е љубов на прв поглед.

Фото: Pixabay

Истражувањата покажуваат дека ваквата инстантна привлечност се случува во рок од 1/5 од секундата.

На големо изненадување, студиите покажуваат дека мажите почесто се вљубуваат на прв поглед, отколку жените. Причината лежи во фактот што мажите се повеќе заинтересирани за физичкиот изглед, па токму поради тоа визуелизацијата е сè што им е потребно на почетокот.

Жените од друга страна, изјавиле дека ваквата одлука може да ја донесат само доколку претходно разменат збор-два со личноста која ги привлекува.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.