Кога жената дава многу во бракот, секогаш добива малку: Еве како да се промени тоа!

Поучна приказна

Кога човек го боли заб, тешко може да биде фин и љубезен. Истото важи и за незадоволна жена

Дури и ако се’ уште го сака својот партнер и го опсипува со нежност, лутината ја спречува да го цени искрено. Наместо да се радува за тоа што се грижи за сопругот, жената има тенденција да се фокусира на тоа колку работи, а колку малку е ценета поради тоа.

Кога жената ќе замери

Кога жената е незадоволна, не може да биде принудена на љубов. Може да се однесува како да е полна со љубов, но нејзиното срце е затворено. А кога женското срце е затворено, таа почнува да негодува и во тие ситуации секогаш мажот е тој што губи.

Ако таа за своите добри дела добие 60 бодови, а тој 20 за своите заслуги, жената ќе ги одземе тие 20 од нејзините 60 и ќе добие нов резултат со кој нема да биде задоволна, бидејќи таа смета дека тоа што нејзиниот маж е добар, е исклучиво нејзина заслуга.

Жената тогаш чувствува дека нејзиниот труд не е признаен, па затоа добива напад на љубомора.

Во текот на годините, замерувањето може да премине во хронична лутина. Во оваа фаза, жената верува дека се омажила за погрешна личност и размислува за развод. Не постои сомнеж: оваа жена не добива се’ што и’ треба од бракот, но тоа не значи дека не може да го добие тоа што и’ треба. А другата личност исто така не го дава тоа што жената го сака.

Тоа што ќе го добиете од врската или бракот, не зависи од партнерот туку од вашиот однос кон него.

Жените што размислуваат за развод, најчесто велат: „Давам, давам и не добивам ништо за возврат!“.

За да го решите овој проблем, мора да сфатите дека сте добиле напад на лутина и незадоволство. Потоа, наместо да го нападнете мажот, мора да научите да давате на друг начин. Тогаш жените престануваат да се ангажираат со надеж дека мажот ќе ја забележи нивната незаинтересираност.

Ако жената е незадоволна, значи дека време е да направи нешто за себе.

Кога жената дава премногу, таа секогаш добива малку.

Знаејќи го сето тоа, жената конечно може да престане да се жртвува за партнерот и да го прави тоа што го сака. Наместо да очекува од партнерот да ја направи среќна, таа мора самата да го стори тоа.

Ако му давате на партнерот буквално се’ што имате, а потоа чекате тој целосно да ги задоволи вашите потреби, тоа е нездрава тенденција.

Најдобрата опција е на сопругот и децата да им дадете искрена љубов и да не очекувате ништо за возврат. Ваквите односи носат многу повеќе задоволство.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.