Кога нивните жени родиле, тие веќе биле остарени: Покрај нив изгледаат како да им се внуки, а не сопруги!

Најконтроверзните холивудски двојки

Во Холивуд не е необично што постојат двојки меѓу кои разликата во годините е огромна, но тука мислиме на 15-тина години, а не на 43!

Додека некои тврдат дека годините се само бројка, овие врски често предизвикуваат контроверзии во јавноста.

Ова се најконтроверзните двојки во Холивуд кога станува збор за разликата во годините.

Џеф Голдблам и Емили Ливингстон – 30 години разлика

Неодоливиот актер и неговата избраничка се запознале во 2011 година, а свршувачката ја објавиле во јули 2014 година. Се венчале во реномираниот хотел Chateau Marmont во Лос Анџелес на 8 ноември 2014 година. Ова бил првиот брак за Емили Ливингстон, а третиот за Џеф Голдлбам, кој претходно бил оженет со Патриша Гаул и Џина Дејвис. Во бракот добиле две деца.

Били Џоел и Алексис Родерик – 33 години разлика

Во 2015 година, познатиот пејач Били Џоел и Алексис Родерик, неговата четврта сопруга, се заколнале на вечна љубов на свадбена церемонија што се одржала во неговата резиденција на Лонг Ајленд. Добиле ќерка Дела Роуз истата година кога се венчале и втора ќерка Реми Ен во 2017 година.

Стивен Тајлер и Ејми Престон – 39 години разлика

Стивен Тајлер и Ејми Престон се во среќна врска. Престон на почетокот работела како личен асистент за Тајлер, фронтменот на светски познатиот бенд „Аеросмит“, но двојката објавиле дека се во врска дури во 2016 година.

Николас Кејџ и Рико Шибата – 31 година разлика

Актерот својата петта сопруга Рико Шибата ја запознал во Јапонија, а својата врска ја обелодениле во јануари 2020. Николас Кејџ ја запросил Шибата преку видеоповик и ѝ испратил свршенички прстен преку ФедЕКС. Се венчале во Лас Вегас на 16 февруари, 2021 година. Во септември 2022 станале родители на ќерката Август Франческа.

Рони Вуд и Сели Хамфрис – 31 година разлика

Во 2012 година, гитаристот на „Ролингстонс“ се венчал со Сели Хамфрис, која е 31 година помлада од него. Двојката добила ќерки близначки непосредно пред 69-тиот роденден на Рони.

„Можеби јас сум малку постара, а тој малку помлад во душата“, рекла Хамфрис за нивната разлика во годините.

Мик Џегер и Мелани Хамрик – 43 години разлика

Мик Џегер и Мелани Хамрик, озлогласената двојка, се заедно од 2014 година. На рок-ѕвездата и на професионалната балерина не им пречи разликата во годините, а во 2016 го добиле синот Девер Октавијан Базил Џегер.

Мел Гибсон и Росалинда Рос – 35 години разлика

Мел Гибсон и Росалинда Рос се во врска од 2015 година и имаат едно дете. Поради големата разлика во годините меѓу нив, двојката со години се соочувала со остри критики, но Гибсон во едно интервју изјавил:

„Што се однесува до годините и врската, тоа е само бројка. Таа е возрасна и се разбираме. Тоа може да предизвика проблем и страв, но одлично функционира. Таа навистина е посебна личност.“

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.