Кога ќе се заљуби Квентин Тарантино (56), тоа изгледа вака: Љубоморно ја чува Даниела (35) само за себе!

Модерна љубовна приказна

Љубовта на својот живот ја нашол дури на 55 години

Квентин Тарантино (56) ја нашол љубовта на својот живот и кога наполнил 55 години, одлучил за првпат да рипне во тавче. Неговата сопруга Даниела Пик (35), непозната за американската јавност, го заробила срцето на генијалниот Тарантино.

Парот се запознал во 2009 година, а продолжиле да се гледаат одвреме-навреме речиси осум години. По веридбата во 2017 година, парот одлучил да се венча во ноември во 2018 година.

Вчера можевме да ги видиме на премиерата на новиот филм на Тарантино. Парот се појавил на црвениот тепих и тоа било доволно за приказната за нивната љубов повторно да стане актуелна.

Познатиот режисер досега го имаат поврзувано со многу актерки, но никогаш досега не се женел.

Своевремено изјавил:

„Кога снимам филм, јас не правам ништо друго. Се’ му е подредено на филмот. Немам жена. Немам деца. Ништо не ми стои на патот.“

Парот се свршил осум месеци по изјавата на Тарантино дека ќе се пензионира откако ќе сними уште два филма.

Која е Даниела Пик?

Даниела во Израел е позната како ќерка на славниот музичар Свик Пик, а и самата таа се занимава со музика. Снимила дует со сестра и’, а настапувале и на Евровизија. Експертите велат дека нејзиниот глас е комбинација на гласовите на Адел и Ејми Вајнхаус.

Освен со музика, Даниела се занимава и со моделство, а се појавува и во најновиот филм на својот сопруг.

Квентин Тарантино и Даниела Пик вчера се појавиле на црвениот тепих и на сите им ја покажале својата љубов.

За оваа прилика Даниела облекла огнено црвен, разигран, долг фустан. Обула сребрени сандали кои совршено се вклопиле со раскошниот накит и венчален прстен.

Квентин бил многу елегантен во темно одело, цврсти држејќи ја до себе својата млада сопруга.

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.