Ви ја пренесуваме исповедта на една девојка која ја дознала горчливата вистина кога ја пронашла крштеницата на нејзиниот партнер
Кога го запознала Макс, Лили имала 21 година. Веднаш паднала на неговиот шарм и брзо ѝ летнале осумте години поминати во врска. Цело време мислела дека Макс е седум-осум години постар од неа, а потоа се шокирала кога открила дека тој ја лажел!
Во објавата на Редит, Лили опишала низ каков пекол поминала.
„Првото црвено знаменце беше што тој одбегнуваше да ми ги открие своите години. Кога го прашував колку години има, тој ми возвраќаше со контрапрашање: ‘а што мислиш ти?’ Јас мислев дека има помеѓу 28 и 30 години, а тој само се смешкаше. Кога го притиснав, конечно призна дека има 36 години. Разликата од седум до десет години беше во ред за мене, но 15 беа премногу“, раскажала Лили.
По неколку караници, тие биле пред раскинување и додека Макс бил отсутен, Лили случајно ја пронашла неговата крштеница и се шокирала – тој, всушност, имал 46 години кога се запознале!
Се шокирала кога ја открила вистината
„Тој е 25 години постар од мене, постар е од мојата мајка. Немам зборови да опишам колку се згрозив, се чувствувам повредено и искористено. Кога видов дека во крштеницата пишува дека е роден во 1970 година, ми се слоши. Ме лажел за годините, очигледно никогаш не планирал да ми ја каже вистината. Сега се сомневам во сè. Којзнае уште колку други тајни крие, дали има семејство, дали е криминалец. Бев заслепена и многу сум разочарана. Не ми се верува дека ова навистина се случи“, признала таа.
Сосема очекувано, луѓето во коментарите ја советувале да побегне што е можно побрзо.
„Не би се соочувала со него. Врската е готова. Не можете да добиете ништо од ова. Како што кажавте и самите, тој може да е опасен. Кој е тој навистина? Ве лажел цело време, којзнае уште што крие“, гласел еден од коментарите.
Како би реагирале вие во ваква ситуација?
ФОТО: Niko Tsviliov / Unsplash