Кога е вистинското време да кажете „Те сакам”?

Истражување открива

Фото: Pexels

На почетокот на врската, понекогаш е тешко да се каже „те сакам“ за прв пат, а некои од нас не се сигурни во чувствата на партнерот, па затоа чекаат малку подолго да ги искажат своите вистински чувства и да ги кажат овие два магични зборови…

Колку време, во просек, е потребно да се изговорат овие зборови?

Три месеци, очигледно, според новото истражување на научниците. Истражувањето, во кое беа анализирани одговорите на скоро 4.000 возрасни испитаници во Велика Британија, покажа дека повеќето луѓе (22%) велат „те сакам“ по околу три месеци заедно.

Второто најпопуларно време за овие зборови е помеѓу четири и шест месеци. Дури 14% од луѓето изразија љубовни чувства во овој период.

Сепак, за некои луѓе, три месеци е предолго чекање. Истражувањето покажа дека 13% од испитаниците изразиле љубов кон новиот партнер по само еден месец заедно, а 3% рекле го направиле тоа по само седум дена.

Претпоставуваме дека некои луѓе се заљубуваат силно!

Останатите проценти се состојат од луѓе кои чекале помеѓу девет месеци и две години да кажат „те сакам“, а има и такви кои никогаш не кажале љубовни зборови на својот романтичен партнер.

Значи, следниот пат кога ќе се прашувате дали е рано да кажете: „Те сакам“, само запомнете дека нема исправно или погрешно време. Направете сѐ што ви изгледа како што треба – без разлика дали сте во врска само седум дена или една година.

Прочитајте и: Овие неколку навики ќе го зајакнат бракот и врската

 

ФОТО: Pexels

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.