Кирк (103) и Ана (100): Како најубавата холивудска љубов живеела до последен миг и покрај сите трагедии!

Пребродиле загуба на дете, мозочен удар, рак...

Во далечната 1953 година, актерот постојано си повторувал во себе дека оваа жена не смее да го одбие, мора да биде негова

Легендарниот холивудски актер Кирк Даглас почина вчера во 103-та година од животот.

Здравствената состојба на Кирк Даглас била одлична се’ до хеликоптерската несреќа во 1996 година, кога актерот доживеал мозочен удар. Оттогаш останал закован за инвалидска количка и многу се променил.

Сепак, продолжил да живее и успеал да најде сила за секој нов ден долги 24 години, благодарение на љубовта и поддршката што му ги давало семејството, а пред се’, сопругата Ана, со која бил во брак речиси 70 години.

Еве како почнала најубавата холивудска љубовна бајка:

Се запознале во далечната 1953 година, додека Ана била ангажирана во филмско студио како дублер во филмот Lust for Life.

Актерот и тогашен плејбој, Кирк, бил маѓепсан од убавината и интелигенцијата на Ана, и се вљубил на прв поглед. Ја поканил да му се придружи нему и на неговите пријател за ручек и постојано си повторувал во себе дека оваа жена не смее да го одбие, мора да биде негова.

https://www.instagram.com/p/B8OKfOQojz8/

Во тоа време, илјадници жени сонувале Кирк Даглас да ги покани на ручек, но Ана елегантно ја одбила поканата. Всушност, таа била првата жена што го одбила.

„Таа беше неосвојлива и ‘најтешката’ жена што некогаш сум ја сретнал. Се сметав себеси за ѕвезда, за неодолив и величествен маж, а таа ладно ми одговори: ‘Ти благодарам, но уморна сум. Извини’ – и си замина“, раскажувал подоцна Даглас во интервјуа.

Неговата првична реакција на нејзиното одбивање била гневна. Како тоа една жена да го одбие? Но нешто не му давало мир и не сакал да се откаже од Ана.

Како конечно успеал да ја освои?

Ана го одбила Даглас уште неколку пати. Тогаш сфатил дека сигурно прави нешто погрешно кога една девојка не сака ни да испие пијалак со него.

„Престанав да изигрувам романтичен херој и не се обидував да ја импресионирам повеќе. Престанав да зборувам за себе и почнав да ја слушам што зборува. Тогаш започна една вистинска љубовна бајка“, напишал Кирк подоцна во мемоарите.

Актерот дал се’ од себе да и’ покаже на Ана дека не е арогантен плејбој кој спие со секоја жена што му се нуди. Наместо на вечера и во хотел, ја поканил Ана на хуманитарен концерт и во циркус. Таму се пријавил за јавање слонови.

„Тоа ме освои кај него, непредвидливоста. Не беше само смешно и забавно, туку видов дека Кирк умее да биде сосема поинаков од она што се претставува дека е. И што е најважно, беше способен за она што никој никогаш не би очекувал, во позитивна смисла“, рекла Ана.

Се венчале во мај 1954, една година откако се запознале. За сето тоа време, Даглас ја опсипувал со искрени љубовни писма. Ги пишувал секој ден, каде и’ да го водела работата. Пишувал колку му недостасува и како сонува дека Ана во иднина ќе биде покрај него секој ден од неговиот живот.

https://www.instagram.com/p/B8OEc3rlFzN/

Со текот на времето Ана сфатила дека таа не е трофеј за Кирк, туку љубов. И дека тој е љубовта на нејзиниот живот.

„Драга и сакана моја! Далеку сум и срцето ми е скршено од болка. Не можам да живеам без тебе. Ни ден, ни минута. Се будам пред зори за да ти напишам колку те сакам. Без тебе се’ е празно. Без тебе сум осамен. Како човек може да живее сам? Тоа значи дека е мртов. Од една страна, можеби ми е драго што сме малку разделени, бидејќи далечината направи да сфатам колку навистина ми значиш“, напишал Даглас во едно писмо.

Љубовта на Кирк и Ана поминала низ многу искушенија. Ана се разболела од рак на дојка и поминала низ тешка борба, додека Кирк паднал во депресија и доживеал мозочен удар од кој никогаш не закрепнал во целост.

Заедно ја преживеале и најстрашната трагедија што може да му се случи на човек – изгубиле еден син. Но ништо не успеало да ги раздели.

Останале заедно речиси седум децении, а со текот на годините само се сакале уште повеќе. Зад Кирк останала тажната Ана, како и три сина, седум внучиња и правнуци.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.